PAGANI HUAYRA CODALUNGA SPEEDSTER – ОТВОРЕНА ИЗВЕДБА ОД „УАИРА КОДАЛУНГА“

15/07/2025

Изведбата „кодалунга“ беше за првпат претставена и воедно почна да се произведува во 2022 год. Тогаш мајсторот над мајсторите за рачна изработка Хорацио Пагани, напомна дека овој подмодел е посветен на некогашните тркачки автомобили. Тој продолжен дел кој во случајов изнесува 360 мм имал задача кај некогашните тркачки автомобили да ја подобри аеродинамиката или поточно да го намали вртложењето зад автомобилот. Тоа вртложење на воздухот колку е поголемо толку делува понеповолно на предметот кој се движи низ флуид. Затоа конструкторите, заедно со дизајнерите и посебно со аеродинамичарите посветуваат големо внимание на задниот дел од автомобилите. На сличен начин е правена изведбата „кодалунга“.

Надалеку прочуената работилница за изработка на супер луксузни автомобили и тоа строго во облик на купе, деновиве ја претстави отворената изведба од „уаира кодалунга“ наречена „спидстер“, односно „пагани уаира кодалунга спидстер“. Според изјавата на челникот на компанијата, ќе бидат произведени само 10 примероци и ќе бидат наменети исклучиво за тие кои во автомобилите гледаат како на икона.

Автомобилите Пагани се правени од најдобрите материјали кои светот ги има во овој миг, а Хорацио Пагани е еден од тие кои ги произведува најквалитетните и најдобрите материјали. Да потсетиме, тој е татко на материјалите направени од јаглеродни влакна и тоа врвните. Останатите во светот учат од него.

Од такви материјали е направена и„уаирата“, а по неа и „уаира кодалунга“ и сега „уаира кодалунга спидстер“. Впрочем сите Пагани автомобили се правени од јаглеродни влакна. Во автомобилите Пагани мора сè да биде рачно изработено, така и моторот е правен по нарачка, а производител е Мерцедес АМГ, односно Михаел Киблер кој целиот мотор го изработува сам од леење на основата и сѐ до најситен дел.

Затоа автомобилите од марката Пагани се чиста егзотика и премногу скапи, а „уаира кодалунга спидстер“ нема да биде исклучок. Моторот поседува 851 КС и 1.100 Нм вртежен момент, а силината се пренесува на задната оска преку два менувачи, односно купувачите ќе можат да бираат помеѓу обичен со седум степени или секвенцијален исто така со седум степени. Кои се тие десетмина што ќе бидат сопственици на десетте отворени „уаири кодалунга“ наречени „спидстер“? И да не заборавиме, со автомобилот следат и неколку лични патни торби, подарок од Пагани.

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.