BENTLEY EXP 15 – КУПЕ ЛИМУЗИНА ВО КОНЦЕПТ ИЗДАНИЕ

14/07/2025

Деновиве Бентли го претстави најновиот концепт автомобил во кругот на седиштето на компанијата. Според обликот, тоа е купе лимузина или да поедноставиме, концептот е многу сличен со серискиот модел „континентал гт“, односно негова развлечена изведба. И серискиот автомобил и концептот имаат купе линија, само што „континентал гт“ е класика од купе, а концептот е исто така купе, но поради својата должина од над добри пет метри, ќе го сместиме во купе лимузините.

Според официјални извори, концептот не е идејно решение на марката за идните електрични возила. Може слободно да кажеме „е икс п 15“ е некој вид престиж, да се покаже кој е кој во светот на автомобилите. Велат дека „бентли е икс п 15“ е некој вид продолжение, или поточно дизајнерите и конструкторите биле инспирирани од некогашниот модел „спид сикс грни натинг спортсмен од 1930, автомобилот кој се тркаше со воз. Тој момент многумина сликари од тоа време го имаат овековечено.

Концептот има целосно електричен погон, но одговорните велат дека нема да послужи како основа за идните електрични автомобили. Малку е чудно од нивна страна, зарем не!?

Купе лимузината има три врати и три седишта. Малку невообичаено. Две врати на левата страна и една врата од десната. Единичното седиште е подвижно се врти за 45 степени, за подобро седнување и излегување во и од автомобилот. Бентли покажува супериорен луксуз, покрај единичното седиште има и корпа за домашниот миленик. Во тој дел од автомобилот нема седиште, односно е резервиран за кучето мачето или некое друго животинче.

Сè што треба да направиме е да почекаме една година и да видиме што навистина ќе претстави Бентли, кој дизајн ќе го поседува електричниот автомобил и дали ќе позајми нешто од „бентли е икс п 15“.

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.