PINAFARINA BATTISTA-„НОВАНТАЧИНКВЕ“ ИТАЛИЈАНСКА КЛАСИКА

23/06/2025

Деведесет годишнината од создавањето на дизајнерското студио беше славено со еден автомобил осмислен од домаќинот, а потпомогнат во производството од Римац. Домаќинот е Пининфарина, а автомобилот е наречен „пининфарина батиста“. Тоа Батиста е името на основачот Батиста „Пинин“ Фарина и во негова чест е конструиран хипер автомобилот. Тогаш производителот се изјасни дека ќе бидат направени вкупно 150 примероци.

Славното дизајнерско студио годинава слави 95 години од основањето и челниците на компанијата одлучија јубилејот да го крунисаат со една изведба од моделот „батиста“ наречена „новантачинкве“ или преведено на македонски „деведесет и пет“. Толку едноставно, 95 колку што години постои компанијата Пининфарина.

„Батиста новантачинкве“ поседува четири електромотори, по еден на секое тркало со вкупна силина од преголеми 1900 КС доволни возилото да постигне брзина од 300 км/ч за само 12 сек. И „обичната Батиста“ не само што е слична по брзински способности, туку е дури и „побесна“ – од 0 до 300 км/ч забрзува за само 10,49 секунди, а достигнува максимална брзина од речиси 360 км/ч.

Не е сѐ во брзините, забрзувањата и силината на „батиста“. Тоа е модел кој служи за прослава на јубилеите во 150 примероци, а оваа „батиста“ наречена „новантачинкве“ всушност претставува лебедова песна, односно завршува ерата на моделот „батиста“. Со изведбата „новантачинкве“ производството ќе се заокружи на 150 примероци колку што беа планирани да бидат произведени.

„Батиста новантачинкве“ не е само италијанска, туку светска перфекција во сегашноста. Класичен купе автомобил направен рачно со најнова технологија која останатите автомобили можат само да ја сонуваат. На секоја педа од купето се приметува врвната изработка, а тој дел од светот, поточно Апенинскиот Полуостров како да е предодреден за „раѓање“ и производство на закоравени купе класики. Токму од таму произлегле најубавите спортски автомобили во светот, а компанијата Пининфарина има свој директен длабок печат во дел од тие автомобили, ни изврши и индиректно влијание врз сите останати од класата и воопшто во светскиот дизајн. Токму од таму произлегле некои од најубавите спортски автомобили во светот, а компанијата Пининфарина има оставено силен и директен печат врз дел од нив, додека индиректно влијаела врз сите останати во оваа класа, па дури и врз светскиот дизајн во целина.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.