КУРБАН БАЈРАМ-ПРАЗНИК НА ЖРТВАТА, ВО ИМЕТО НА БОГА

05/06/2025

МУСЛИМАНСКИТЕ ВЕРНИЦИ ГО СЛАВАТ ПРАЗНИКОТ НА ЖРТВАТА – КУРБАН БАЈРАМ, ЧЕТИРИ ДЕНА. ВО СОГЛАСНОСТ СО ЗАКОНОТ, ПРВИОТ Е ПРОГЛАСЕН ЗА НЕРАБОТЕН (6 МАЈ – ПЕТОК). ТРАДИЦИЈА Е ВО ИМЕТО НА БОГА ДА СЕ ПРИНЕСЕ ЖРТВА, ОБИЧНО ОВЕН.

 

Курбан бајрам (Eid al-Adha) официјално започнува во четврток (5 мај) навечер, веднаш по заоѓањето на сонцето. Имено, според исламскиот календар, зајдисонцето го означува почетокот на новиот ден. Муслиманите го сметаат за најважен, кога во прашање се празниците. Ако се земе предвид сметањето на времето, Курбан бајрам доаѓа точно два месеца и 10 дена по завршувањето на рамазанот. Се прославува четири дена.

Муслиманското население ширум светот на првиот ден ја принесуваат жртвата на Бога, т.е. Алах – обично овен, доста често и јагне, па дури и (би)вол. Според можностите. Откога ќе се заколе, парчињата им се разделуваат на сиромасите, роднините, комшиите. Во суштина, жртвувањето ја симболизира подготвеноста на Ибрахим да го принесе својот син како жртва на Бога, т.е. Алах. Тој се замешал во последен момент, давајќи му овен – да го жртвува него.

Утрото на првиот ден се оди во џамија на молитва (намаз) кога верниците бараат милост од Бога. Жртвата му се принесува веднаш по враќањето од храмот. Свечената облека се подразбира некако. Претходните денови обично се чисти куќата. Родителите ги даруваат своите и децата на роднините, соседите. И сето тоа проследено со честитање.

Доброто расположение и богатата, полна софра се дополнуваат. На трпезата меѓу другото е и месото на жртвениот овен – приготвено. Дел од него се остава и за своето домаќинство. Јагнешкото е задолжително, исто како и сармата, питата, баклавата… И урмите. Со кафе, чај и разговор. Помладите им прават чест на постарите. Всушност, почитта е многу важна – генерацискиот јаз не може да се замисли. Во суштината на празникот е и зближувањето, без исклучок на помирувањето.,

Курбан бајрам секогаш е на ист датум, според исламскиот календар. Причината е многу едноставна – системот по кој се пресметуваат деновите е месечев, за разлика од грегоријанскиот и јулијанскиот – обата сончеви. Според нив, празникот на жртвата секоја година се паѓа на различна дата. Како и да било, на овој ден се крунисува (завршува) и аџилакот – поклонението во Ќаба, коцкестата градба во Мека, која се смета за најсвето место во исламот. Аџиите не можат да се избројат до крај – милион и пол, цирка (секоја година).

Нека ви е благоловен и честит Курбан бајрам.

 

Игор Ландсберг

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.