ЧИТАЈ | СЛУШАЈ | ГЛЕДАЈ |
„ПОЛНОЌНА ГОЗБА “ ЛУСИ ФОЛИ |
„ПОЛНОЌНА ГОЗБА “ ЛУСИ ФОЛИ |
„THE POET“ (ПОЕТОТ) |
![]() |
|
![]() |
Ноќ на отворањето на „Дворецот“, нов луксузен хотел на крајбрежјето во Дорсет. Базенот блеска, во шумските колиби се поставени торбички со исцелителни кристали за гостите, а коктелот „Дворска мазга“ (грејпфрут, ѓумбир, вотка и масло од канабис) се точи во изобилство. Стотици фенери висат од гранките. Свири харфистка во живо. Но, древната шума која го опкружува совршено средениот имот, чува свои тајни. Локалната заедница, непријателски настроена кон хотелот поради неговото проширување кон плажата и шумата, тивко шепоти за стара паганска легенда за ноќните птици одмаздници кои можат да се повикаат за да донесат правда. Секако, тоа е само легенда, нели? За време на викендот на отворањето на хотелот, локалната полиција добива повик: пожар. Мртво тело. Нешто не е во ред со гостите. Што се случило во последните 36 часа во „Дворецот“? И кој или што е одговорен за тоа? Сопственичката. Нејзиниот сопруг. Таинствената гостинка. Кујнскиот помошник. Сè почна со една тајна пред петнаесет години. А сега, минатото се појавува како непоканет гостин. И сето тоа ќе заврши со смрт… на летната полноќна гозба. Секој носи свои мотиви. Секој има своја приказна. Но, не сите ќе ја преживеат… полноќната гозба. Дигиталната ера ја доби својата Агата Кристи! | Точно 20 дена откако ја одбележа годишнината од промоцијата на својот шести студиски албум со наслов „Eternal Sunshine“, познатата уметничка на 28 март во јавноста го претстави третото, „делукс“ издание во кое се наоѓа и краток филм. Вниманието го сврте и омотот каде што Аријана Гранде всушност лебди во светлината на мракот, како метафорски израз. Претходните две ги вклучија и платинестите ремикси, меѓу кои се „Yes, And?“ со Mariah Carey и „The Boy is Mine“ со Brandy Norwood и Monica. Секако, голем интерес побуди и „We Can’t Be Friends (Wait For Your Love)“ – настапот во живо. 2024-та беше доста успешна кога е работата на артистката во прашање. Благодарејќи на глумечката вештина, ја номинираа за Оскар, т.е. награда за најдобра споредна улога во „Wicked“ (прв дел). Продолжението се очекува во втората половина на ноември. Заедно со Cynthia Erivo на церемонијата отпеа неколку песни (сплет од филмот „Волшебникот од Оз“ и „Defying Gravity“). Албумот може да се нарача и онлајн, а меѓу другите ќе имате можност да ја чуете и „Intro (End of the World)“ и „Bye“ и „Saturn Returns Interlude“ и „Eternal Sunshine“ и „True Story“ и „Imperfect for You“. Аријана Гранде ги напишала и текстовите и композициите за нив. | Премиерата на руската драма се одржа во санктпетербуршкиот театар Mikhailovsky на 4 февруари, а нејзината дистрибуција од страна на Central Partnership започна 10 дена потоа. Секако, ја има и на интернет со превод на англиски, но и други јазици. Автори на филмското сценарио се Andrey Kurganov и Vasily Zorky. Во 137 минути е раскажана приказната за големиот поет Александар Пушкин кој живеел кратко, само 37 години (1799-1837), но сепак, неговото творештво било доста богато, плодно. „Борис Годунов“, „Евгениј Онегин“, „Капетановата ќерка“ и „Руслан и Људмила“ се читаат и ден-денес, во еден здив. Бил храбар, имал многу верни обожаватели, ама и тајни. Неочекувано ја запознал жената со која имал заедничка судбина. Најголемиот дел од снимањето се одвивал во Павловск и Санкт Петербург (Мермерната и палатите Строганов и Јусупов, Музејот на Пушкин станот каде што живеел). Автор на музичкото дело во позадината е Ryan Otter. • Жанр: драма (историска) Актери: Yura Borisov, Roman Vasilyev, Alyona Dolgolenko, Anna Chipovskaya, Svetlana Khodchenkova, Sergei Gilev, Ilya Lyubimov, Yevgeniy Schwartz, Florian DesbiendrasРежија: Michael Morris Режија: Felix Umarov |