TESLA CYBERTRUCK-КОНЕЧНО И ОСНОВЕН „САЈБЕРТРЕК“

05/05/2025

Дури и тие што не ги интересираат автомобилите, веќе дознале за камионетот „сајбертрек“. Тесла вложи многу пари во рекламирање на своето, како што вели „револуционерно возило“. Рекламирањето успеа да продре и таму каде досега не можеше да продре, но и покрај тоа „тесла сајбертрек“ не успеа да ја прати рекламата и не го одржа ветувањето дека цената на основниот модел ќе биде некаде под 40.000 долари. Малку е збунувачки што производителот дури сега го пушти во понуда основниот модел. Има погон само на задната оска, со едно полнење на батеријата изминува 563 км, односно за 40 км повеќе од луксузните браќа со погон на двете оски и чија цена изнесува над 80.000 долари. Затоа основниот модел го доби прекарот „лонг рејнџ“. Штотуку претставениот основен модел има цена од „скромни“ 70.000 долари. А малку збунува и тоа што „сајбертрекот“ се продава само на американскиот континент. Сега се најавува извоз на Блискиот Исток.

Димензиите се тие истите (5.410 х 1.930 х 1.870 – 1.920), но опремата е сосема поинаква. Исчезнаа деталите од алуминиум, така што сега педалата за забрзување и педалата од сопирачките не се алуминиумски, но го нема и од таблата со инструменти и вратите. Нема екран осетлив на допир за патниците од задните седишта, таблата со инструменти е далеку поедноставна, а и материјалите во одделот за патниците е поинаков. Одделот за товар располага со 28 литри помала зафатнина, но овој мал недостаток не е толку важен колку што збунува цената од високи 70.000 долари.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.