SUZUKI SWIFT-НОВ „СВИФТ“ И НОВ МОТОР

20/12/2023

Најнапред беше најавен концептот, за веднаш потоа Сузуки да приреди светска премиера на тој ист концепт на Салонот за автомобили во Токио. Тогаш не беа обелоденети сите детали и затоа сега пишуваме по втор пат за популарниот модел „свифт“ бидејќи ова е сериската изведба. Димензиите речиси се исти како и со претходната генерација, добива плус 15 мм во должина (3.860 мм) и во висина (1.495 мм). Дури и растојанието меѓу оските е исто, 2.450 мм, а зафатнината на одделот за товар изнесува скромни 265, а со соборена задна клупа 980 литри.

Сузуки отсега натаму ќе вградува 1,2 литарски мотор со 12 волтна умерена хибридна технологија. Моторот е атмосферски и развива 83 КС, додека максималниот вртежен момент изнесува 112 Нм. Погонот е на предната оска, а за пренос на силината задолжени се обичен менувач со пет степени или автоматски „цвт“. Покрај погонот на една, производителот ќе нуди и изведба со погон на две оски (сите тркала), но не нагласува дали токму оваа изведба ќе има друг мотор, односно некоја турбо изведба.

Генерално, според обликот, Сузуки направил некој вид обновување на дизајнот. Продажбата треба да започне наредната година, напролет, но цената сѐ уште е непозната исто како што се непознати крајната брзина и забрзувањето од 0 до 100 км/ч.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.