Минијатурните автомобили се враќаат во мода или тие се класика и никогаш нени излегле од модата? Ова второво е точно, затоа што микро возилата ги имало отсекогаш.
Нивно малку поголемо раздвижување приметивме кога се појави производителот Смарт со своите двоседи не подолги од 2,7 м. Фиат се токми своите некогашни двоседи да ги врати во живот, но со денешнава технологија. Легендарниот „тополинио“ (глувче) забрзано го подготвуваат за да излезе што поскоро на светската виделина. Само што има една разлика од тоа тополино, до ова денешново кое допрва треба да биде претставено. Некогашното беше осмислено, скицирано и нацртано, значи од хартија, до краен производ, сѐ беше направено во кругот на фабриката наречена Фиат. Но денес состојбата е сосема поинаква и сега Фиат го преземал моделот „ами“ од цитроен и со минимални измени ќе стави на него ознаки Фиат и ќе биде наречено (според озборувањата) „тополино“. Најнапред Цитроен („ами“), потоа Опел, а еве сега и Фиат. Уште Пежо фали и скоро сите во Стелантис да имаат еден ист микро автомобил со повеќе имиња.
Го нарекуваат квадрицикл, а не автомобил бидејќи има само 8,0 КС, крајна брзина од солидни 45 км/ч и со едно полнење на батеријата изминува помеѓу 40 и најмногу 44 до 45 км. Микро електричното возило располага со должина од само 2,7 м и во него можат удобно да се сместат две возрасни лица. И за крај, Фиат сѐ уште не го најавува датумот на премиерата.
Жарко Атанасоски