HYUNDAI I20-ОФАНЗИВАТА ОД УПОРНИОТ ХЈУНДАИ ПРОДОЛЖУВА

22/05/2023

Неколкуте претходни збиднувања во Хјундаи ги најавувавме со зборовите, „офанзивата од упорниот Хјундаи не стивнува“. Сега  продолжува со офанзивата и го претставува обновениот модел „и 20“, вториот мал автомобил во семејството, веднаш по најмалиот „и 10“. Главните измени се направени во надворешниот дизајн. Видоизмената маска, нов одбојник, нов облик на предните всисници за воздух и сите рабови од страна и одзади. Обновувањето на обликот носи складна линија со истакната острина која ја нагласува спортската нота.

Ќе се вградува само 1,0 литарски бензински мотор со турбо полнач и во зависност од подесувањето на притисокот во турбината, конструкторите направиле две изведби, една со 100, а другата со 120 КС – еден мотор со две изведби. Моторот со силина од 100 коњи ги задвижува предните тркала преку обичен менувач со шест степени („имт – интелиџент мануел трансмишн“), а тој со 120 КС има седум степен автоматски менувач со двојна спојка. Двете изведби од 1,0 л. мотор носи ознака „т – гди“ (турбо – гезулин директ инџекшн). Одделот за товар располага со зафатнина од 351 л, додека главните димензии се следниве, должина 4.040 мм, ширина 1.775 и висина 1.450 мм.

Покрај дизајнот, сега списокот од електронски уреди е побогат, односно збогатена е сериската опрема како на пример уредите за безбедност: „фца“, „рцца“, „бца“, „нсцц“, а не се заобиколени ни лед светлата заедно со амбиенталното светло во повеќе бои. Тоа светло наменето за кабината е зачинето и со квалитетен звук за кој се погрижила компанијата Бос. Редизајнираниот „хјундаи и 20“ ќе се произведува во Измит, Турција, а ќе започне во третиот квартал од оваа година.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.