„Триесетката“ во речникот на Волво означува нешто најмало како на пример моделот „в 30“ кој е најмал во семејството. Нели сега електромобилите се во мода и Волво ја прати таа линија со неколку модели, а на 7 јуни ќе приреди светски првично прикажување на електричниот модел „е икс – 30“. Релативно малиот „сув“ модел од премиум класата ќе биде сместен под моделот „икс ц 40“, што е логично според досегашните движења во Волво во однос на бројките од моделите. Тоа во превод значи дека возилото со име „е икс – 30“ ќе биде долго околу 4,20 м. Оваа димензија е наша произволна, добиена според должината (4,44 м.) од „икс ц 40“. Новиот модел ќе биде правен на приспособливата основа (платформа) наречена „сеа“ позајмена од компанијата Гили која е сопственик на Волво. Оваа основа веќе ја користи „зикр 1“ и луксузното возило „полстар 4“ кое допрва треба да се појави.
Се очекува погон само на предната, но и на двете оски. Велат овој модел ќе биде ценовно попристапен за поширок круг купувачи. Малку е чудно „сув“ возило од премиум марка да биде со разумна цена. Ќе дојде 7 јуни и ќе бидеме сведоци на светското прикажување, тогаш производителот ќе треба да се изјасни за сите детали и секако за цената.
Жарко Атанасоски