JEEP AVENGER-НАПАД НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ЏИП

20/09/2022

„Аванџер“, тоа е името на првиот електричен „сув“ од марката Џип за континентов. Плановите на Џип се следниве, до 2030 година сета гама да биде електрифицирана. Новиот „сув“ ќе се произведува во Полска, а според димензиите (класата) ќе биде поставенa зад „ренегејдот“. Современ, компактен, подвижен, со кој лесно се управува, способен да биде подобар од конкуренцијата, така го опишуваат моделот „авенџер“ кој допрва треба да биде јавно претставен. За првичното изложување пред светската јавност е одбрана манифестацијата во Париз, како што доликува.

Бидејќи Џип е во јатото наречено Стелантис, при создавањето е користена основата на која се направени „опел мока – е“ и „дс 3 кросбек и – тенс“.

И погон на две и погон на четири тркала – така одлучија конструкторите, да има од сѐ по нешто и за секого. Досегашниот погон на сите тркала беше „4 х 4“, а отсега натаму бидејќи ќе биде електричен, ознаката ќе биде „4 х е“. Со едно полнење на батеријата „џип авенџер“ ќе изминува до 400 километри. По светската премиера ќе дознаеме повеќе за ова убаво обликувано возило.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.