АВТО ТРЕЈД ХОНДА ИМА НОВ 3С ДИЛЕР ЗА МАКЕДОНИЈА

09/07/2022

Автомобилите и мотоциклите на Honda отсега се достапни во новиот дилерски објект на  компанијата Авто Трејд, кој е единствениот 3S дилер за возилата од гамата на Honda за Македонија. Кратенката 3Ѕ подразбира продажба, сервисирање и набавка на оригинални резервни делови.

Во минатите 20-на години компанијата Авто Трејд играше голема улога на македонскиот автомобилски пазар преку застапување на друг автомобилски бренд, а преку соработката со Honda започнува нова ера во своето работење. Со свеченото отварањето на продажно-сервисниот центар и официјално е означен и почетокот на оваа соработка.

Сите заинтересирани за моделите на јапонската марка, без разлика дали станува збор за автомобили или мотоцикли, како и заштитна опрема од реномираните  Nolan, X-Lite и Apro може да ги најдат во салонот на Авто Трејд кој се наоѓа на улица Скупи бр.37.

 

Данчо Здравковски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.