ЖЕНСКИ ИЗБОР НА АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА ВО СВЕТОТ ЗА 2022-ЖЕНИТЕ ГО ИЗБИРААТ НАЈДОБРОТО

28/02/2022

Светот познава повеќе избори на кој се бира автомобил на годината, но најзначајни се континенталните избори и светскиот избор. Сега мора да признаеме дека во структурите на организациите на сите избори има далеку помалку дами, а речиси над 90 отсто се мажи.


Пред нешто повеќе од две децении женскиот свет се организираше и регистрираше избор на автомобил на годината, но со нагласување дека тој избор го водат исклучиво дамите и не само што го водат туку тие имаат и свое жири кое ги бира автомобилите во шест категории. Понежниот пол не успеа сите овие децении да се наметне во „машикот свет“ и како што може да се насети, нив им „пукна филмот“ и решија да имаат свој избор наречен „Жените бираат автомобил на годината во светот“ или „Женси избор на автомобил на годината во светот“.


Жирито е составено од 56 членки од 40 држави распространети на пет континенти. Веќе 20 години ова жири бира Женски автомобил на годината во светот, а бирањето оди според однапред утврдените правила, односно право на учество имаат сите нови автомобили што се појавиле во тековната година. На пример, автомобили кои имаат право да бидат кандидирани за титулата се тие кои за првпат се појавиле на пазарот помеѓу 1 јануари и 31 декември 2021 год. Кога ќе биде избран автомобилот ја добива титулата „Женски Автомобил на Годината во Светот за 2022“.
Покрај спомнатото признание, главното, постојат уште шест признанија кои се доделуваат во посебни категории. Следи нивниот опис, „Градски автомобил“, „Семејно сув возило“, „Семеен автомобил“, „Големо сув возило“, „Спортски автомобил“ и „4 х 4“.


Резултатите од финалниот список заедно со победниците во шесте категории веќе е објавен, но во првите три денови од март, жирито ќе се собере да гласа за носителот на титулата „Женски автомобил на годината во светот“ за 2022, а крајниот исход поточно свеченото прогласување ќе се одржи на Денот на жената, 8 март.

 

Победници по категории за 2022 година

Градски автомобил – Пежо 308
Семеен „сув“ – КИА спортаж
Голем автомобил – Форд мустанг мах – е
Голем „сув“ – БМВ и икс
Спортски автомобил  – Ауди е – трон гт
4 х 4 – Џип вгранглер 4 хе

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.