Е-ТРОТИНЕТИТЕ СЕ ДЕЛ ОД СЕКОЈДНЕВНИОТ УРБАН СООБРАЌАЈ. ЗАКОНСКИ, ТИЕ СЕ НА ИСТО НИВО СО ВЕЛОСИПЕДИТЕ. ОВА СЕ ОДНЕСУВА НА ТЕХНИЧКАТА ОПРЕМА, КАКО НА ПРИМЕР ОСВЕТЛУВАЊЕТО, НО ИСТО ТАКА, И НА ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО НАЗНАЧУВАЊЕ НА ПРОМЕНАТА НА ПРАВЕЦОТ.
Возачите на е-тротинети мора јасно да наведат каква било промена на насоката исто како и велосипедистите. Сепак, означувањето на промената на правецот со помош на рачни сигнали е многу потешко кај електричните тротинети отколку кај велосипедите заради нестабилноста во возењето и зголемениот ризик од пад.
Експертите од ÖAMTC претставија електричен тротинет со трепкачи. И покрај слабостите, додатокот за трепкачи се корисна алтернатива на сигналите за раце. Оттука, ÖAMTC повикува во иднина е-тротинетите да бидат опремени со трепкачи кои се интегрирани директно во оперативниот концепт.
Како додаток за трепкачи, техничарите на ÖAMTC избраа систем за трепкачи од пазарот на додатоци за велосипеди, кој може само со еден контролен елемент да се поврзе напред и назад. ЛЕД-светлосните елементи имаат USB приклучок за полнење и функционираат преку безжичен пренос на сигнал. Системот покажува слабости, на пример, во распоредот на контролните копчиња со горе-долу наместо лево-десно. Покрај тоа, трепкачот мора да биде вклучен и исклучен. Со интегрирање на трепкачите како дел од оперативниот концепт на е-тротинетите, овие слабости ќе бидат надминати.
Благица Станојевиќ Блажевски