PORSCHE TAYCAN CROSS TURISMO-„РЕЛИ“ ЛИМУЗИНА ОД ПОРШЕ

16/03/2021

„Крос турисмо“, нешто како туристички патувања насекаде не само по асфалт. Можеби ќе ви звучи малку чудно и ќе ве изненади кога ќе прочитате дека такво нешто нуди Порше. Изненадувањето да биде уште поголемо, понудата е направена на основа од електричната лимузина „тајкан“. И сега имаме лимузина во вистинска смисла на зборот со облик на некој вид караван со спортски изглед, со максимален товарен простор од 1.200 литри, погон на сите тркала и подвозје кое со соодветни пнвматици ќе овозможи патувања надвор од асфалтот.

И сега е јасно што Порше нуди во лимузината. Тоа што е и во „тајканот“ истото е и тука со тоа што добивате една „ситница“ повеќе, а тоа е погонот на четири тркала. Производителот нуди и тоа каква „ситница“ – мошне примамлива. Тие што умеа да ја искористат предноста на оваа лимузина ќе можат да напишат цели романи за нивните патувања, а останатите лимузини можат само да сонуваат.

Сето ова е овозможено со електронски контролираната воздушна амортизација, но и со можноста возачот да одбере во кој режим ќе го вози автомобилот. Има три и на него е да одбере една, а таа употребливата за возење надвор од асфалтот е именувана како „чакал (гравел)“, израз позајмен од рели натпреварите. Со одбирањето на режимот „лесен терен“ (лајт оф роуд тереин) автомобилот го подготвувате за возење по земјен пат, односно електрониката ја подигна каросеријата за 30 мм. Без разлика која изведба ќе ја купите, а ги има четири, сите ја имаат опцијата за подесување на подвозјето и сите имаат погон на четири тркала.

Електричната лимузина наменета за теренски излети и патувања со едно полнење на батеријата може да измине од 419 до 456 километри. Се зависи од тоа каква изведба ќе одберете. Не му е првпат на Порше да оди на рели. Што заборавивме да кажеме – за брзинските способности на рели лимузината? Порше не би бил тоа што е ако неговите забрзувања се бројат најчесто на една рака, а само понекогаш на две. Од 0 до 100 км/ч за 2,9 до најмногу 5,1 секунда. Цена, околу 96.000 евра за основниот модел.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.