24 мај Ден на сесловенските просветители-ЗА ДОЛГО СЕЌАВАЊЕ НА СВЕТИТЕ БРАЌА КИРИЛ И МЕТОДИЈ

23/05/2025

СО ГОЛЕМИ СВЕЧЕНОСТИ, МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА ГО СЛАВИ ОВОЈ ПРАЗНИК. НЕ САМО ВО РОДИНАТА ТУКУ И НАСЕКАДЕ, ШИРУМ СВЕТОТ. ВО СОГЛАСНОСТ СО ЗАКОНОТ, 24 МАЈ – ДЕНОТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ Е ДРЖАВЕН ПРАЗНИК, НЕРАБОТЕН ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ. ПОВЕЌЕ ОФИЦИЈАЛНИ ДЕЛЕГАЦИИ ПРИСУСТВУВААТ НА ЧЕСТВУВАЊЕТО ВО РИМ

 

Свети Кирил и Методиј е важен датум во историјата на македонскиот народ, врз кој се темели и сегашноста и иднината. Не случајно се поклопува со денот кога почнала Моравската мисија, во 863-та. Пред заминувањето, светите браќа Кирил и Методиј го составиле првото словенско писмо – глаголицата, со цел да ја преведат Библијата. Подоцна се користело и за пишување, црковни книги на почетокот. Нивната дејност имала големо значење во ширењето на писменоста, просветата… За да надвладее рационализмот и вербата во напредокот. Често ги обвинувале за ерес.

Низ вековите, ја прогонувале и глаголицата, но сепак не се попуштало. И ден-денес на првото словенско писмо се гледа како на совршен графички систем што во себе содржи длабока христијанска семиотика, со прецизни и јасни симболични форми исто како иконите. Всушност, делата на светите браќа имаат светска цивилизациска вредност, обележувајќи една цела епоха во историјата на христијанската цивилизација, особено во историјата на Македонија. Просветата на словенските народи е всушност еден од најважните настани, како во црковната, така и во политичката историја.

Стручните лица се согласуваат дека нивните дела имаат епохално, уникатно значење – впрочем, евангелската порака е за сите, за сè. Идејата да се состави азбука, граматика и да се стандардизира нов книжевен јазик, со цел да биде пренесена евангелската порака, е уникатна. Затоа и делото на светите браќа Кирил и Методиј е уникатно. Никој дотогаш не стандардизирал јазик, практично и книжевно, само со цел да се пренесе радосната вест на Евангелието – светите браќа го направија тоа и ни дадоа голема одговорност.

Празникот се слави цело илјадалетие. Црквата во 11 век го прогласила 24 мај (11 мај по стар стил) за Ден на сесловенските просветители. Тука, во Македонија, првпат се одбележал на 11 мај 1860 година во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје.

Традиционално, празникот го честитаат премиерот, шефот на државата, вклучително и парламентарните, локалните политичари. Свечената прослава во колепката на словенската писменост – Охрид се одржува пред споменикот на светите браќа Кирил и Методиј во Градскиот парк, се држи говор, се положува цвеќе. Со години се организира и турнир во мал фудбал.

Празникот се слави и во Рим, од 1960-тите. Повеќе официјални делегации присуствуваат на чествувањето, поклонувајќи се пред гробот на сесловенскиот просветител – Свети Кирил во Светиклиментовата црква каде што чиноначалствува поглаварот на Македонската православна црква, со молебен (кратка богослужба за изразување благодарност), на кое му претходи аудиенција кај врховниот поглавар на католичката црква. Годинава, за првпат, официјалниот прием е кај папата Лав Четиринаесетти. И сето тоа проследено со богата програма. Во тек се Деновите на македонската култура.

„Свети Климент и Методиј“ го празнува и дијаспората, особено во Германија. Центарот на вниманието е во градот Елванген каде што Свети Методиј бил осуден на две и пол години затвор.

 

Игор Ландсберг

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.