ZENVO AURORA TUR-„ТЕШКА“ ЕГЗОТИКА

31/07/2025

Не и беше тешко на данската работилница Зенво да стаса на годинашниов фестивал на брзината во Гудвуд. Таму го претстави најновото егзотично купе наречено „аурора тур“. Егзотика затоа што ќе биде произведено во ограничена серија, а тоа што е во него треба да биде наново проверено од врвни мајстори затоа што „зенво аурора тур“ поседува 6,6 л мотор со два двојни турбо полначи. Со нивна помош моторот развива 1.267 КС при запрепастувачки 9.800 врт/мин. Малку биле овие „коњи“, та конструкторите се свртеле кон предната оска на која поставиле два електромотори и сега вкупната силина изнесува налудничави 1876 КС.

Имаа што да видат посетителите на тој фестивал каде царуваат коњските сили на четири тркала. Ова купе Зенво го прикажа како концепт пред две години и истото дури сега влегува во „сериско“ производство. Има мали измени како на пример на предниот дел, но и одзади, како на пример некои отвори за воздух се изоставени. Како и да е, Зенво го исполнил своето ветување и сега се на ред купувачите. Цената не е објавена, но затоа е објавено забрзувањето од 0 до 100 км/ч за 2,3 секунди и крајната брзина од преголеми 450 км/ч.

Егзотика полна со најнова технологија и лесни материјали, скоро 2.000 КС, ограничено производство и згора на сѐ нема цена. Јасно е кој ќе го купува ова купе и затоа цената не е објавена бидејќи таа воопшто не е битна, но не е јасно кој  е тој од купувачите тој ќе го вози ова купе. Нико, синот на Кеке Розберг, си купи „римац невера“, да во ред, тој беше возач во формула 1 и шампион во истата. Тој умее да вози купеа како ова од Зенво, но што е со тие кои немаат никакво искуство со автомобили и нивните 2.000 кс?

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.