Volkswagen комерцијални возила официјално го претстави новото Caddy на нашиот пазар. Петтата генерација на мошне успешниот модел, од кој се произведени над три милиони примероци, се лансира како MPV и градско товарно возило наменето за испорака. За првпат, сеопфатниот систем се заснова на модуларната попречна матрица (MQB), што се користи за повеќе модели од групацијата.
Визуелно, преминувањето на новата платформата станува веднаш забележително од подолгото меѓуоскино растојание. Дизајнерите ја искористиле техничката можност претставена од платформата, за да создадат целосно редизајнирано возило – кое е похаризматично од кога било. Во однос на инженерството и функционалностите, надворешноста на Caddy со седум седишта има голем број нови карактеристики. Верзиите за патнички автомобил и Kombi се нудат стандардно со пет седишта. Опционално достапен по нарачка е и трет ред за седење. Нова карактеристика е што седиштата од третиот ред можат индивидуално да се отстранат, со што се нуди максимална флексибилност. Се разбира, новот Caddy 5, ги задржува веќе докажаните карактеристики: седиштата во вториот и третиот ред сè уште можат да бидат повлечени на напред и да се преклопат. И седиштата од вториот ред, лесно може да се извадат. Kombi и семејниот MPV обезбедуваат простор за багаж до 2.556 литри; во верзијата со пет седишта, просторот за багаж натоварен до висината на грбот на седиштата изнесува импресивни 1.213 литри.
Просторот за товар кај Kombi и MPV е 1.913 mm до првиот ред на седишта; помеѓу лаковите на тркалата е со максимална ширина од 1.185 mm. Исто така, понудени се нови LED светла напред и позади, а за првпат, достапен е системот за заклучување, отклучување и палење на моторот „Keyless Access“. Во внатрешноста, петтата генерација на Caddy импресионира со нови високотехнолошки решенија и значително покорисен простор. Caddy Cargo обезбедува простор за товар од 3,1 m3, а во Caddy Cargo Maxi до е 3,7 м3. Стандардниот Caddy Cargo може да прими евро-палета, додека Caddy Cargo Maxi може да собере и втора евро палета. Моторната палета се состои од 2,0 литарски турбо дизел со 75, 102 и 122 КС, како и 1,5-литарскиот турбо бензинец со 114 КС.
Сите верзии пристигнуваат со шестстепен мануелен или седумстепен автоматски менувач со двојна спојка кои стандардно силата ја насочуваат на предните тркала, како опција може да добие и погон на сите четири тркала. На нашиот пазар Caddy засега се нуди само со дизел мотор по цени кои се движат од 17.269 до 34.471 евра.