TOYOTA MIRAI-ЗА ИДНИНАТА МИРАИ

14/03/2024

Тогаш, пред точно 10 години претставен на Салонот за автомобили во Лос Анџелес, беше, но и сега е прва виолина во светот на возила коишто како гориво го користат водородот. Тоа значи, моделот „миран“ е првиот сериски во светот именуван со трите букви „фцв“ (фјуел цел викл), односно возило кое користи горивни ќелии кои со помош на водород уредот ќе произведе електрична енергија, водена пареа и топлина. „Мираи“ (на јапонски „за иднината“), односно Тојота мисли на светската иднина нешто како светски одговорна компанија.

Годинава „тојота мираи“ беше претставена со нови техничко технолошки особини насочени кон безбедноста, рационалноста и практичноста. Системот „тојота тим мејт“ обезбедува навремено откривање и избегнување на сообраќајните незгоди и со тоа му помага на возачот, односно го ослободува од притисоците (обврски) што секој возач ги има додека вози. Препознавање на мигот кога возилото ја менува коловозната лента, потоа откривањето на возило во скриениот агол, камерата која покрива видливост од 360 степени, откривање на мигот кога возилото пред вас нагло ги употребува сопирачките и застанува. Потоа се спомнува пакетот „смарт конект“ преку кој возачот во живо го следи патувањето и добива информации на 12,3 инчен екран каде има гужва на патот, а каде патот е затворен за сообраќај, односно каде има најмалку гужва. Со тоа патниците можат безбедно и брзо да го планираат патувањето во даден миг. И да не ги напомнуваме останатите електроники и дигитални „играчки“ во автомобилот затоа што везден се повторуваме со нив и стануваме досадни. Штом еден автомобил е толку софистициран и сѐ уште е водечки на полето на користење горивни ќелии, бидете сигурни дека има сѐ друго што го имаат останатите автомобили.

Мираи е класика од комби лимузина, тоа значи моделот има пет врати со многу употреблив багажен простор и должина од убедливи 5,0 м без 2,5 сантими. Не е само должината поголема од претходникот, туку и ширината добила плус 75 мм. Електромоторот има силина од 185 КС, сосема доволни за еден типичен семеен автомобил. Најновиот „мираи“ има и три резервоари за гориво (водород). Тие се распоредени во облик на буквата „Т“, најдолгиот е поставен во средишниот дел од возилото, вториот ја формира буквата „Т“ и се сместени пред задната оска, а третиот, најмалиот, е зад задната оска во близина на електромоторот. Во тие резервоари собира 5,6 кг водород доволни автомобилот да измине 650 км. Таа километража е „поврзана“ со 14 звучници од марката „џбл“. Цена? Јавете се кај увозникот на Тојота за детални информации, не само за цената туку и за автомобилот.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.