TOYOTA EPU-НА ПОРТИ ЧУКА ЕЛЕКТРИЧЕН „ХАЈЛУКС“

06/11/2023

Покрај „ленд крузерот“ во концепт електрична изведба, Тојота на домашен терен, на ЈМШ (Јапан Мобилити Шоу) го изложи целосно електрифицираниот пикап концепт наречен „епу“ (електрик пикап). Испеглан облик, но и стандардно робусна силуета. Што ја натерало Тојота да го изложи „епу“? Спомнатиот концепт е основата за сите идни пикап изведби на електричен погон.

Едноставно ја навестува иднината, а според покажаното, таа иднина е розева. Пикапот „епу“  ги има стандардните димензии за овој вид возила, долг е 507 цм, широк 191 см и висок 1.710, со назнака дека кабината е двојна, значи класика од пет седишта, додека растојанието меѓу оските е нескромно големо, 335 см. Рационално возило за секаква прилика, за помош при работа низ куќа, за одмори, викенди, за талкање со денови во непознатите предели, таков е „хајлуксот“. Тоа е тоа, Тојота цврсто гази на секаков терен, независно дали е домашен или туѓ.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.