Со овие официјални цртежи Шкода го најавува доаѓањето на новиот сув во семејството кој воедно е целосно електричен. Според планот концептот „шкода вижн 7 с“ треба да биде претставен на 30 овој месец. Не е познато дали возилото ќе мине во сериско производство, или само ќе послужи како идејно дизајнерско решение за моделите кои допрва ќе бидат дел од флотата. Новиот дизајнерски правец е наречен „солидно современ“ и истиот треба да биде внесен во сите нови модели.
Според цртежите концептот „вижн 7 с“ на предниот дел има седум вертикални отвори, нешто слично како кај сите модели на Џип, односно тоа е еден вид заштитен знак на спомнатата марка. Тие исти седум отвори, ги има и на задната страна.
Шкода не открива ништо повеќе од описот на дизајнот, тоа е единственото што е објаснето во кусиот официјален извештај и тоа е сѐ. На 30 август ќе ги дознаеме деталите за „вижн 7 с“, новиот концепт на Шкода.
Жарко Атанасоски