НЕКОГАШНАТА ЕГЗИБИЦИСКА ТРКА ОД ПАРИЗ ДО ДАКАР МИНАТАВА ДЕКАДА СЕ ОРГАНИЗИРАШЕ ВО ЈУЖНА АМЕРИКА, ПРАВДАЈЌИ ГО ТОА СО НЕСТАБИЛНАТА ПОЛИТИЧКА СИТУАЦИЈА ВО АФРИКАНСКИТЕ ЗЕМЈИ КАДЕ ШТО ВРВЕШЕ „ОРИГИНАЛНАТА“ МАРШРУТА, НО СЕГА СÈ СЕ СЕЛИ ВО САУДИСКА АРАБИЈА.
Најтешката рели трка на светот, позната сега само како „Дакар“, од 2020 година ќе се вози во пустината Калахари на територија на Саудиска Арабија. Од 2009 до 2019 истата се организираше во Јужна Америка, поточно во пустината Атакама. Во текот на годините таа минуваше низ повеќе земји како Аргентина, Боливија, Чиле, но во 2019 година беше поддржана само од Перу поради што се верува дека организаторите претпреле извесни финансиски проблеми.
– Им ветуваме нови предизвици на натпреварувачите со подготовка на сценарија во прекрасната и мистериозна пустина која локланото население ја нарекува Руб ал Кали. Различниот терен и природното опкружување ќе овозможи доживување на уникатни искуства,- вели Абудл Азис Бин Ал Турки Ал Фаисал, кој е претседател на автомобилската федерација на земјата домаќин.
– За нас е задоволство да креираме трка на ваква монументална локација, која ќе биде воедно и една од најисцрпувачките рути. Има голем избор на она што треба да се одбере, а спортот ќе биде увеличан со ваквите територии кои се создадени за пустинските рели-реид трки,- изјави Давид Кастера, директор на трката.
фицијалната промоција на плановите за 2020 ќе се случи на 25 април во близина на Ријад. Медиумите шпекулираа дека постоеле преговори и со Јужна Африка, но оваа солуција ќе значи многу за популаризацијата на овој спорт, особено откако на последното издание победи Насер Ал Атија од Катар.
– Среќен сум што ќе го имаме „Дакар“ во нашиот регион. Саудиска Арабија ми е на половина час од дома. Ја сакавме Јужна Америка , луѓето таму, земјите се преубави, но мора да ги почитуваме одлуките на организаторите. Исто е како кога се смени рутатата од Африка во Јужна Америка, не бевме среќни но брзо се прилагодивме. Сега истото ќе се случи на Блискиот Исток, а тоа е голем светски пазар,- толкуваше Насер Ал Атија од своја страна.
– Сум возел претходно две трки од крос контри во Саудиска Арабија, тоа е прекрасно место со љубезни луѓе. Сигурен сум дека „Дакар“ ќе биде одличен за нашиот регион. Планот е да се има 100% трка во Саудиска Арабија, а потоа да се проба проширување во земји како Оман, Јордан или Египет.
За уште поголема промоција и враќање на интересот за „Дакар“ ќе послужи уште една вест, која укажува дека двократниот светски шампион Фернандо Алонсо имал дводневно тестирање со победничкиот автомобил од минатата година, Тојота Хи- лукс, возен од Ал Атија. Шпанецот се збогуваше со Формула 1 и најави дека ќе вози на трката во Индијанаполис во рамки на Индикар првенството, но исто така учествува со Тојота и во трките на издржливост како „24 часа Ле Ман“.
За новиот предизвик во пустинските трки, Алонсо вели дека не станува збор само за забава, најавувајќи дека е можно да се приклучи кон ростерот на ова рели за 2020 година.
– Веројатно нема сличен пример од минатото, но јас барам нови предизвици. Не е само за забава. Читам низ медиумите дека разните тестови кои ги правам се како да е онака, а дека треба потоа да се вратам на вистинската работа. Не сум тука за забава! Кога ги тестирам овие возила немам специфична идеја. Очекувам да ми кажат како треба да се вози, во рели стилот е сосема поинаку, понекогаш притискате и гас и сопирачка, едноставно треба да учам од нула. Дефинитивно потребен е голем напор, па за секој обид вложувам многу сила, многу проучување, а тоа не е многу забавно. Тоа е предизвик за да станам подобар возач,- објаснува Алонсо за својата мисија да биде најдобриот возач на светот. Коментирајќи го возењето со победничкото возило од 2019 година, Шпанецот, исто така, ги запозна медиумите со своите наоѓања, откако на тестирањата во Калахари му помагаше некогашниот победник на „Дакар“, Жиниел де Вилиер.
– Сè е различно. Нерамнините се комплицирани, треба да ги „прочиташ“, да ги процениш според нивната височина, за да знаеш колку брзи можеш да возиш преку нив. Автомобилот оди одлично, има добар контакт со подлогата, добар баланс…Сè е неверојатно. Иако се само први искуства, мислам дека ми е комфорно во него, освен преголемата жештина. Имам искуство со разни возила, беше забавно. Различно, но сепак забавно. Возилото може да поднесе големо количество на малтретирање, многу повеќе од она на што јас сум навикнат да го имам,- оцени поранешниот пилот од Формула 1.