Иако Волво е премиум марка, сепак тоа на првите луѓе им беше малку и формираа уште полуксузна марка нарекувајќи ја Полстар. Да токму така, само што новава марка е создадена со заеднички сили на кинескиот автомобилски гигант Гили. И да појасниме, Гили го купи Волво од Форд во 2010 год.
„Полстар 2 бст едишн 230“, ова е автомобилот кој Полстар го претстави деновиве. Всушност тоа е продолжение на „двојката“ како што впрочем се приметува од името, но мора да нагласиме, „полстар 2 бст едишн 230“ е автомобил кој ќе биде произведен во само 230 примероци – неговото име го кажува истото.
Пред извесно време беше лансиран истиот овој модел само „едишн 270“. Засега е непознато што сака Полстар да постигне со овие ограничени серии. Луксузната внатрешност претекува од скапи материјали, но истото го имаше и во „едишн 270“. Погонот е истиот како и во изведбата „270“, но и во „полстер 2 лонг рејнџ“. Тој е составен од два електромотори, еден за предната другиот на задната оска, со 78 kWh батерија. Сето тоа е еднакво на енормно големи 476 КС и 680 Nm максимален вртежен момент. Со оваа силина автомобилот забрзува од 0 до 100 км/ч за 4,4 секунди, додека крајната брзина е 172 км/ч. Цена, малку под 80.000 евра. Што претставува „полстар 2 бст едишн 230“? Втор луксуз во иста опаковка, а првиот беше наречен „270“.
Жарко Атанасоски