Деновиве сме сведоци на претставување на уште едно спортско купе на електричен погон, „полстар о2“. Засега моделот е само концепт, но никогаш не се знае што точно ќе се случи. Полстар е луксузната марка во сопственост на Волво и според првичните најави, концептот „о 2“ (хемискиот знак на кислородот) засега ќе послужи сам како основа за развој на идните модели, без планови да мине во сериско производство. Намерата на Полстер е да биде присутен во речиси сите сегменти, со исклучок на првите три, но не со обични, туку со автомобили кои во себе ќе имаат многу силина и спортски дух од типот на денешните веќе добро познати претставници. Најнапред лимузина, сега купе, утре „сув“, а задутре и нешто повеќе. Челниците сакаат сето тоа да биде во духот на супер спортските автомобили, но останува да видиме дали и како плановите ќе се реализираат.
„Полстар о 2“ е спортски купе со подвижен покрив, кабриолет, но нуди простор не за две туку за четири лица, поточно 2+2 седишта. Концептот е правен на полстаровата скратена луксузна платформа на која допрва ќе дебитира серискиот модел „полстар 5“. Дизајнот од концептот „о 2“ ќе биде внесен во идните модели или во превод, нема меки линии, туку повеќе ќе „играат“ острите геометриски облици и ќе бидат нешто како втор заштитен знак на марката.
Производителот не дава речиси никакви технички податоци за моделот „о 2“. Познато е неговото скусено меѓуоскино растојание кое е скоро исто со тоа на „лексус л ц 500“. Во моментов производителот развива свои електрични погонски единици и велат дека концептот во себе има мотор за 1,5 пати посилен од тој вграден во „порше тајкан“. Според сегашните најави производителот е тргнат да ги стаса пред сè сегашните производители на спортски автомобили и во блиска иднина да биде нивен директен конкурент. Да не заборавиме да ви кажеме, концептов на горниот дел од вратата од товарниот оддел има дрон. Можете да го пратите каде сакате и директно да гледате на 15 инчниот екран што снимаат камерите од птичја гледна точка.