PEUGEOT E-208-ПОСТОЈАНО ВО НАПАД

14/07/2023

Четвртата година од постоењето на еден модел е клучна во автомобилската индустрија. Одговорните правејќи повеќе истражувања, дошле до заклучок дека откако ќе минат четири години автомобилот мора да претрпи, редизајн или рестилизација, зборови кои најчесто се употребуваат при мало обновување на дизајнот. За чудо, тоа правило сите помалку или повеќе го почитуваат, а сега летово го испочитува и Пежо со моделот „208“. Популарноста со овој модел од ниската класа, почна во далечната 1983 год. кога беше претставена легендарната комбилимузина 205 и оттогаш, популарноста не стивнува. Пежо во претходниве десетлетија постојано е при врвот во продажбата на континентов, а досегашниот 208 со години не се симнува од подиумот,односно 2021 и 2022 е најпродаван не само во својата класа, туку воопшто во сите класи.

 

И сега кога моделот „208“ е најмоќен, челниците одлучуваат моделот да биде малку обновен. Сега „пежо 208“ уште повеќе се заканува, барем така нас ни се чини затоа што популарните заби сега се поголеми, а претходно нагласената елеганција на предниот дел, сега минува во агресивност. И одзади измената на дизајнот најмногу се забележува кај светлосната групација. Покрај досегашните додадени се неколку нови бои, но невозможно е а да не се забележат новите тркала и на средина новиот заштитен знак.

И управувачкото тркало добило редизајн и секако со новиот заштитен знак. Всушност сите освежувања се класика за тие што наполниле четири години. Погонот во изведбата „е 208 “ е електричен и сега тој е ударниот во гамата. Може да измине најмногу 400 км, а батеријата до 80 отсто се полни за помалку од 25 мин. почнувајќи од 20 отсто. Има и изведби со трицилиндрични бензински мотори, со силина од 75 и 100 коњи. Моторот со 75 КС поседува пет степен, а тој со100 КС, шестстепен менувач. Производителот сѐ уште не се изјаснил за деталите на новата „208“. Можно е да чува во ракав некои адути со кои ќе продефилира на Саемот за автомобили во Минхен што треба да се одржи од 4 до 10 септември.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.