OPEL FRONTERA GRAVEL-ЗА АВАНТУРИСТИ И ЉУБИТЕЛИ НА ПРИРОДАТА

20/06/2025

Најновото од Опел е изведбата „гравел“ конструирана на основа од „сув“ моделот „фронтера“. Ова е засега само концепт, но одговорните во компанијата не ја исклучуваат можноста од сериско производство. Возилото „опел фронтера гравел“ е за посебна намена, строго наменето за авантури. Зошто Опел се одлучил на ваков чекор? Не е првпат оваа компанија да исфрли некој концепт наменет за возење надвор од асфалтот. Во последниве две – три десетлетија, светот сѐ повеќе е надвор во природа. Денес сме сведоци на мотоциклисти кои го обиколуваат светот или континентите низ пустинските и полупустинските предели, велосипедисти кои возат низ планински и рамничарски предели, а сѐ поголем е бројот на туристи кои возилата ги користат не само за превоз, туку и како засолниште, место за одмор и спиење или нешто како сѐ во едно. Некои од тие возила дури имаат и шатор монтиран на покривот од возилото.

Таквите возила за возење и престој во природа најчесто имаат погон на сите тркала. Таков е примерот и со електричниот концепт „опел фронтера гравел“, чиј електромотор ги задвижува двете оски. Возилото има поинакво подвозје, приспособено за возење по земјани патишта и по други разновидни подлоги – подигнато е со цел да може да совладува терен со поголеми нерамнини и секако возилото носи соодветни пневматици (7×16 инчи) како што доликува на името „гравел“. Именката „гравел“ доаѓа од англискиот јазик и на македонски се толкува како иситнет каменест материјал.

„Опел фронтера гравел“ е опремена и со помошни светла поставени на одбојникот, но и на рамката од багажникот кој е сместен на покривот од возилото. Вака опременото возило може непречено да се движи и во ноќните часови.

Потегот на Опел е повеќе од добар, но изтовремено и недоволно јасен, бидејќи од одговорните сè уште нема ниту збор дали моделот „фронтера гравел“ ќе премине во сериско производство. Народот е веќе заситен од градската, бетонска џунгла и копнее по патување низ најразновидни неасфалтирани предели. Токму од оваа причина, во Опел мора да соберат храброст и што побрзо да го пуштата „гравелот“ во сериско производство, во спротивно ризикуваат да задоцнат.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.