ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
Њоки
Црн тартуф
Шампињони
Масло од тартуф
Хопла
Лук
Сол
Бело вино
ГАРНИР:
Свеж тартуф
Пармезан
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Најпрвин њоќите се варат во вода додека не испливаат на површина. За тоа време, во тавче на масло од тартуф, се пропржуваат ситно сецкани шампињони, во кој се додава ситно сецкан црн тартуф. Дополнително се додава сол по вкус, ситно сецкано лук, малку хопла и бело вино. Сето ова се спојува со претходно сварените њоки и се сервира.
На крајот се додава рендан пармезан и рендан свеж црн тартуф.
ДОБАР АПЕТИТ!
Препорачано од ресторанот „Барбакан“