MERCEDES-BENZ GLA&GLB-ОБНОВУВАЊЕ НА НАЈМАЛИТЕ

19/04/2023

Гужва во шеснаесетникот во таборот на Мерцедес, обновувањето на моделите е во полн ек. Само што беа обновени моделите „а класа“ и „цла класа“, под „пеглата“ на дизајнерите се најдоа моделите „гла“ и „глб“.

Ќе почнеме од погонските единици. Бензинските изведби се умерено електрифицирани  со помош на 48 волтен стартер генератор со кој автомобилот добива дополнителни 14 КС во кус временски период. Истото се применува и кај изведбите со дизел мотори, а за сите изведби се предвидени автоматски менувачи со седум или осум преноси, додека преносот на силината е само на предната или на двете оски, во зависност од изведбата.

Хибридната изведба со приклучок има силина од 218 КС и нуди крстосување на електричен погон во должина од 70 км. Бензинските мотори имаат зафатнина од 1,33 и 2,0 литри со силина од 136 до максимални 306 КС, додека дизелите располагаат со работна зафатнина од 1,95 литри и силина во распон од 116 до 190 КС.

Сега во спомнатите модели има повеќе опрема, повеќе бои во кабината, нови дизајни на алуминиумските тркала со димензија од 17 до 20 инчи. Возачот ја прати работата на возилото преку 7,5 инчен екран додека останатото го прати на 10 инчен монитор. Со доплата може да се добијат два екрани со димензија од 10 инчи, потоа сараунд систем со долби атмос од марката Бурместер, внатрешно осветлување во 10 бои, гласовниот систем „тургајд“ преку кој се добиваат информации за објекти крај патот, како на пример: музеи, археолошки локалитети, меани, места за одмор, спортски рекреативни центри итн. Последнава понуда е употреблива само во матичната земја, додека останатите држави ќе ја имаат оваа придобивка ако имаат створено патнички информативен систем. За надворешниот изглед нема да коментираме, вам ви оставаме да дадете оцена колку е дизајнот успешен.

Списокот на сериската и дополнителната опрема е како роман, затоа најдобро е да отидете кај увозникот и таму да добиете информации за секоја ситница што ја нуди Мерцедес.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.