MERCEDES-BENZ E-CLASS L-СО ПОГОЛЕМО МЕЃУОСКИНО РАСТОЈАНИЕ

16/11/2023

Ако во останатиот дел од светот класичните лимузини полека заминуваат во заслужена пензија, тоа не важи за Кина. Зошто велиме така? Затоа што Кинезите обожуваат да се возат во класични лимузини и тоа со зголемено меѓуоскино растојание. Повеќе производители правеле отстапки за кинескиот пазар со тоа што нивните лимузини добивале зголемено растојание меѓу оските. Ни Мерцедес не е заобиколен од барањата на кинеските љубители на големи лимузини.

Мерцедес ја одбра неговата класика „е“ да ја развлече и како таква да ја продава во Кина. Тој модел носи име „е класа л“, односно тоа „л“ значи „долго“ (лонг, лунго). Оваа продолжена „е класа“ е долга точно 5.092 мм или за 143 мм повеќе од обичната, додека меѓуоскиното растојание изнесува 3.094 мм. „Е класа л“ е некој вид евтина изведба од супер луксузната „с класа“. Не дека во „е класа л“ нема толку луксуз, туку да речеме дека ова е „рационалната“ страна на луксузот. Голема удобност, многу простор за патниците од задните седишта, токму тоа што го бара кинескиот пазар.

Продажбата ќе започне наредната година, а за почеток Мерцедес нуди еден бензински четири цилиндричен мотор во две изведби, едната „е 270 л“ со 204 КС, а другата „е 300 л“ со 258 КС. Оваа изведба од „е класата“ е посебно правена за Кина и тамошниот автомобилски пазар, но ќе може да се купи и во Индија.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.