LOTUS TYPE 132-ЛОТУСОВИТЕ ЕЛЕКТРО ПЛАНОВИ

07/02/2022

Секогаш специфичниот Лотус продолжува да го негува своето однесување и начин на работење. Времето на погонските единици со внатрешно согорување речиси е веќе минато, но Лотус си ја работи работата како ништо да не се случува. За него лесната конструкција и употребата на нови и лесни материјали е од суштинско значење, односно тоа е нешто како негов заштитен знак. И во ерата на електрификацијата прва и основна задача на Лотус ќе биде да створи што е можно полесна платформа, а ако тоа не може веднаш да го постигне, тогаш ќе се труди да има најлесна основа (шасија, платформа) во класата. Сега е во забрзана подготовка на платформа на која ќе бидат конструирани мали спортски купеа со кусо меѓуоскино растојание. Батеријата е клучниот чинител, таа е снабдувач со елекрична енергија и воедно е најтешкиот дел на купето. За намалување на тежината конструкторите примениле новитети при составувањето на новата платформа наменета за мали купе автомобили. На пример, задниот дел од оваа нова плаформа е полесна од таа на моделот „евора“, купе со ото мотор.

Довчерашните делови во шасиите кои беа засебни, сега се вградени во основата, така што тука се добиени првите заштеди во килограмите. Исто така, има нов приод во обесување на тркалата на задната оска. И тука Лотусовите конструктори добиле неколку килограми помалку , така што се на добар пат да состават платформа најлесна во класата. Новата основа е наречена „е спортс платформ“, додека купето кое ќе биде правено на неа засега е познато под шифрата „тип 135“.

И познатата работиница Алпина ќе ја позајми новата основа „е спортс“ за конструирање на едно од трите свои возила. Лотус ја подготвува замената за популарниот „елис“ за 2026 година. „Тип 135“ ќе биде последниот во низата, а предводник на групата нови возила ќе биде годинашнава премиера на хипер купето „евија“. Потоа ќе следат три возила, најнапред пролетва ќе бидеме сведоци на премиера на кросовер од средна големина (тип 132), наредната година очекуваме купе со четири врати (тип 133) и во 2025 мал кросовер (тип 134).

Лотус и натаму ќе ги произведува своите возила во матичната фабрика во Хетел, но поголемиот дел го сели во ново отворената фабрика во Вухан, Кина.
Според првичните најави новиот „елис“ кој во основа ќе биде „тип 135“ ќе располага со завидни 470 КС на задната оска и 66,4 kWh батерија, додека платформата наменета за купеата од погорната класа  ќе имаат на располагање најмалку 870 КС на двете оски и 100 kWh батерија.
Да видиме што прво ќе ни сервира Лотус од сето ова планираново – вели хипер купето ќе биде прво, да видиме дали ќе биде така.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.