LOTUS TYPE 132-ЕЛЕКТРИЧЕН „ФРАЕР 132“ ОД ЛОТУС

19/11/2021

Сите без исклучок се навртеле на електрификација на своите возила. Дали е во прашање целосна електрификација или хибридизација, тоа и не е толку битно, туку тоа што забрзано се подготвуваат да вградат електромотори во возилата. Летово што измина, поточно во август Лотус излезе во јавноста со соопштение за електрификација на моделите во наредните години. Сите мислеа тоа ќе се случи по 2025, но Лотус е сигурен во своите намери и за следната година го најавува првото сув возило и водно првиот целосно електрифициран модел. Со еден „удар“ Лотус сака да постигне двоен успех, прв „сув“ во семејството и прв електричен автомобил. До вчера оваа марка не знаеше каде да се сврти од проблеми од секаков вид, а сега откако е под капата на кинескиот автомобилски гигант Гили, живна и во моментов се подготвува да го лансира моделот под име „тип 132“.

Оваа официјална фотографија е втора и на неа се гледа мал дел од маската и дел од десното светло. Крупен кадар за да насетиме каков е обликот. Првата фотографија се појави пред неколку недели, така што во наредниов период очекувајте уште фотографии слични на двете досега објавени. Тоа „132“ е бројка која Фиат ја имаше на еден од моделите во минатиот век, добро познатата лимузина „132“. Дали Фиат ќе бара од Лотус да го смени името?
Светот оди кон „сув“ возилата и нивните изведби. Можно е еден ден да исчезнат класиките од облици, како лимузина, купе, комбилимузина и сето тоа да биде претворено во „спорт јутилити викл“ или скратено „сув“.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.