LOTUS EMIRA-ПОСЛЕДНИОТ МОХИКАНЕЦ

07/05/2021

„Елис“, „ексиж“, „евора“, „евија“, и сега на крај „емира“. Тоа се лотусовите имиња на малите двоседи во неговото  не баш  големо семејство. Така и треба да биде бидејќи Лотус е специјализиран за конструирање исклучиво спортски купе автомобили. Кај него нема каравани, комбиња и слични нешта, исклучиво двоседи во спортско пакување.

Сегашнава состојба е многу занимлива затоа што моделот кој допрва треба да биде претставен е последниот што во себе ќе има мотор со внатрешно согорување, а потоа автомобили исклучиво на струја. Во меѓувреме може некој хибрид да залета, но засега Лотус е категоричен и вели ќе конструира купе автомобили задвижувани од електромотори.

Моделот „емира“ најверојатно ќе има во себе V6 мотор со турбо компресор и зафатнина околу 3,0 литри, ќе биде правен на лесна алуминиумска шасија наречена елементал и според сегашните најави на одговорните, Лотус ќе тргне во офанзива затоа што тимот е подготвен годишно да произведува 5.000 и повеќе илјади примероци, од досегашните околу 1.500. Во натамошниот план се спомнуваат продажни бројки поголеми од тие на Ферари,  дека тоа е така потврдува и сопственикот Гили, кинески автомобилски гигант, кој дополнително ќе вложи во иднината на оваа марка. За планот да успее и семејството да биде побогато со модели, наскоро, некаде во втората половина од годинава ќе бидеме сведоци и на првиот лотусов модел за забава, односно „сув“ возило

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.