LAMBORGHINI-ЕЛЕКТРИЧНИОТ ПОГОН НЕ СЕ СОВПАЃА СО ФИЛОЗОФИЈАТА НА КОМПАНИЈАТА

26/05/2021

Многу занимливи случки излегуваат и од Ламборџини, но од неговите сопственици, Фолскваген, односно Ауди. Пред околу два месеци Ламборџини даде изјава за јавните гласила дека електричниот погон не се совпаѓа со филозофијата на компанијата. Едноставно на Ламборџини му смета тивкиот електричен погонски склоп. Реакцијата е сосема природна од страна на познатиот производител на купе автомобили од Санта Агата Болоњезе. Неколку нешта се карактеристични за Ламборџини и останатите како него, спортскиот дух, брзинските способности заедно со неповторливиот звук од моторот и на крај купе обликот.  И сега некој сака да го отстрани тој благороден звук. Тоа беше пред два месеци, а сега работите се завртеа за цели 180 степени и имаме сосема нова изјава. Целосна електрификација на постоечките модели до 2024 година, а првиот целосно електричен модел ќе биде во понуда од 2030 год. Ете како стојат работите во работилницата на „разлутениот бик“. Каква капа му подготвува Фолксваген, односно Ауди на Ламборџини и дали ќе биде капа од типот „ламборџини урус“?

Денес Фолксваген има неколку чисто електрични автомобили, но нема врвен погон, а тој врвен го има хрватската работилница Римац, односно Мате Римац сопственикот. Една четвртина од таа хрватска работилница му припаѓа и на Порше (има купено акции). Сега се поставува прашањето дали Порше ќе ги употреби своите преговарачки способности да издејствува погонска едница од мајсторот над мајсторите Мате Римац? Пининфарина за 90. годишнината од постоњето го претстави моделот „батиста“, правен со голема помош од Римац, основата и погонската едница се позајмени од таму. Дали нешто слично ќе се случи и со Ламборџини? Порше го има моделот „тајкан“, но нема експлозивност во погонските единици како што имаат тие направени во Римац. Можно е нешто да биде позајмено од домашното производство, поточно од Ауди, од моделот „е трон гт“.

Како што тргнале работите си го поставуваме прашањето кој модел ќе биде првиот што во себе покрај бензинскиот, ќе има удвојување (хибридизација) со електричен мотор. Дали ќе биде тоа егзотичниот „сиан фкп 37“ прикажан како концепт во 2019 год. во Франкфурт или тоа ќе биде првиот целосно електричен.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.