HONDA ZR-V-НОВ „СУВ“ ОД ХОНДА НА КОНТИНЕНТОВ

19/05/2022

Ако некој прави турлитава во автомобилската индустрија тогаш тоа е сигурно Хонда. Неодамна Хонда потпиша договор за заеднички вложувања со Сони и основање сосема нова марка која ќе произведува исклучиво електрични автомобили. Претходно Хонда потпиша договор и со Џенерал Моторс за соработка на полето на електричните возила, а пред само неколку денови од месецов Хонда ги претстави моделите „е:нс 1“ и „е-нп 1“ правени во Донгфенг Хонда. Тие се воедно првите две електрични возила од 10-те најавени кои во блиска иднина треба да се појават во Кина и се разбира, сите електрични. Наспроти ова, Хонда со многу оскудни податоци го најави доаѓањето на новиот модел „зр – в“, хибридно сув возило кое според димензиите треба да се вгнезди меѓу „хр – в“ и „цр – в“. Производителот се изјасни, моделот „зр – в“ ќе биде исклучиво хибриден. Можно е да го носи погонот од моделот „хр – в“ или појакиот од електричниот „сивик“. Тука не завршува приказната со моделот „зр – в“. Посебен е за кинескиот пазар кој треба да се појави во 2023, а посебен за континенталниот пазар, но се чини дизајнот ќе биде многу сличен. Исклучок прави погонската единица која во изведбата за кинескиот пазар е 1,5 литарска турбо со автоматски „цвт“ менувач.


Новото сув возило „хонда зр – в“ наменето за континентов треба да биде претставено наредната година или некаде наесен.
кога се зборува за Хонда, треба да се спомене и проектот  со роботот Асимо кој продолжува, а паралелно оди развојот на ракетно вселенската програма заедно со програмата за конструирање возила наменети за испитување на месечината. На сето ова ќе ги додадеме мотоциклите, а Хонда е број 1 производител на мотоцикли во светот, но и на градинарски машини, на бродски и други мотори.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.