Некои модели од Ферари не може да ги купи секој, односно предност имаат докажаните љубители на Ферари и секако колекционерите на автомобилите со вознемиреното коњче на жолта основа. Токму за тие купувачи Ферари во 2008 год. подготви посебно одделение наречено Специјални Проекти. Во тој оддел Ферари на многу едноставен начин ги исполнува желбите на неговите верни приврзаници – го повикува нарачателот, со него седнуваат во одделот за „кроење“ и заедно со дизајнерите под водство на Флавио Манцони, но и со конструкторите, го создаваат автомобилот најнапред на хартија, а потоа сето тоа го претвораат во јаве.
Нарачателот изразил желба неговиот единствен Ферари да води потекло од моделот „410 с“ направен во далечната 1955 год. Линијата од тој модел конструкторите ја ставиле на шасија (основа) од сегашниот модел „812 гтс“ и така го создавале уникатот наречен „с 51“. Најзанимливиот дизајнерски дел се случува веднаш зад седиштата. Задниот спојлер е поставен веднаш над двата заштитни брега и кога автомобилот го набљудувате од профил, спајдерот не е спајдер туку класика од „тарга’. Потоа вредно за спомнување е следново. Требаше да поминат 50 години за Ферари повторно да смести мотор во предниот дел.
Силината и не е толку битна бидејќи автомобилите од марката Ферари отсекогаш имале во себе многу коњи – најбитен миг е тоа што автомобилот е правен по желба на клиентот и е еден и единствен. „Ферари сп 51“ е пратен за Тајван каде го чека сопственикот и досега можеби е веќе стасан.
Цена? Вредноста секако е важен чинител, но кога е во прашање уникат тогаш за цена не треба да се дискутира.
Жарко Атанасоски