„Е, БАШ МЕ ЗАБОЛЕ!“-МАРК МЕНСОН, „MADAME X“-MADONNA, „ONCE UPON A TIME IN… HOLLYWOOD“ (БЕШЕ ЕДНАШ ВО… ХОЛИВУД)

22/07/2019
ЧИТАЈ СЛУШАЈ ГЛЕДАЈ
„Е, БАШ МЕ ЗАБОЛЕ!“

МАРК МЕНСОН

„MADAME X“

MADONNA

„ONCE UPON A TIME IN… HOLLYWOOD“

(БЕШЕ ЕДНАШ ВО… ХОЛИВУД)

Во оваа книга-водич за самопомош, авторот не нè замајува со глупости од типот дека треба постојано да се обидуваме да бидеме „позитивни“, за навистина да станеме подобри и посреќни луѓе.

Веќе со децении ни се сервира тезата дека позитивното мислење е она клучното што води кон среќен и исполнет живот. Но, Марк Менсон вели: „Море кој ја „врти“ позитивноста. Да бидеме искрени – нештата се зафркнати, но немаме друг избор освен да живееме со нив онакви какви што се“. На неговиот многу по-пуларен блог на интернет, Менсон не ја бојадисува стварноста во розово, туку ги изложува работите токму онакви какви што се. Тој преку оваа книга комуницира со читателот непосредно и директно, а четивото е исполнето со мноштво инте- ресни приказни и со хумор „без влакна на јазикот“. Овој своевиден манифест истовремено е и една освежувачка шла- каница в лице за секој од нас што може да ни овозможи да почнеме да живееме поисполнет и потрезвен живот. •

„Мadame X“ е четиринаесеттиот студиски албум на познатата американска пејачка Мадона што го лансира минатиот месец. Нему му претходеше синглот „Medellín“, кој излезе во април, а го испеа и на Евровизија. Албумот го снимаше во Лисабон, Лондон, Лос Анџелес и Њујорк, а пее на шпански, португалски и англиски. Освен стандардно издание, во продажба е пуштено и јапонско, но и неколку луксузни едиции. Има тринаесет нумери. Прва е, секако, „Medellín“ (со Maluma, 4:58), потоа „Dark Ballet“ (4:14), „God Control“ (6:19), „Future“ (со Quavo, 3:53), „Batuka“ (4:57), „Killers Who Are Partying“ (5:28), „Crave“ (со Swae Lee, 3:21), „Crazy“ (4:02), „Come Alive“ (4:02), „Faz Gostoso“ (вклучително и Anitta, 4:05), „Bitsh I’m Loca“ (пак со Maluma, 2:50), „I Don’t Sarch I Find“ (4:08) и „I Rise“ (3:44). Турнејата ја започна во мај, а во септември ќе настапува и во театри. Паралелно ја одбележува и триесетгодишнината од нејзиниот прв сингл воопшто – „Like a Prayer“, поради што не го симнува од репертоарот. • Премиерата на филмот се одржа во Кан, на овогодишниот фестивал, привлекувајќи го вниманието и на стручната и на пошироката јавност. Во киносалите почна да се прикажува овој месец. Познатиот американски режисер успеа да ги собере врвните глумци на едно место и, преку ликовите што ги играат, да ја раскаже приказната за „бледиот“ телевизискиот актер и неговиот двојник, кои настојуваат да успеат, да стекнат слава, и тоа во последните години (1969-та) од Златната доба на филмската индустрија во Лос Анџелес. За снимањето на филмот беше одвоен доста висок буџет, меѓу 95 и 100 милиони долари. •

ЖАНР: Црна комедија

ГЛУМЦИ: Leonardo DiCaprio, Brad Pitt, Margot Robbie, Kurt Russell, Timothy Olyphant, Dakota Fanning, Luke Perry, Margaret Qualley, Al Pacino

РЕЖИЈА: Quentin Tarantino

 

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.