BMW M4 CSL-СВЕТСКА ПРЕМИЕРА НА ЕЗЕРОТО КОМО

18/05/2022

Наближуваат деновите 20, 21 и 22 за кога е закажана престижната изложба „Конкорсо ди елеганс Виле д Есте“, која се одржува секоја година напролет. Таму БМВ ќе го претстави најбрзото купе именувано како „м 4 цсл“/ Овие три букви на крајот од името се кратенка од „купе, спортс и лајтвеит“ или спортско купе со мала тежина. Тие три букви заедно со првите три од производителот ги имаме гледано и по филмови и серии како онаа дамнешната Случајни партнери со Брус Вилис и Кетлин Тарнер во главни улоги.


Занимливо е тоа што производителите сè почесто се одлучуваат своите луксузни и брзи модели да ги претставуваат надвор од саемските хали, односно на престижни манифестации. Во очекување на најбрзото купе од БМВ, официјалните фотографии кои досега беа објавени и кои ќе бидат објавувани во наредните десетина денови, ќе ни откриваат по нешто од новиот модел. Озборувањата велат моторот ќе биде редниот 3,0 литарски со шест цилиндри и двоен турбо полнач кој ќе биде „навиткан“ до фантастични (околу) 547 КС што претставува осетно зголемување на силината во однос на 510 КС на „м 4 компетишн“. Вака „нафризираниот“ мотор мора да биде демнет од подвозјето кое сигурно ќе биде уште поспортско, тоа значи пониско и потврдо, а секако и управувањето е наново дотерано за да може автомобилот поостро да маневрира нарочно во свиоците.
И секако обликот е малку изменет најмногу во делот на  аеродинамиката, но и во некои детали. Подоцна тие мали измени во дизајнот најверојатно ќе послужат како основа за редизајн на постоечките модели.
Покрај врвните автомобили присутните ќе бидат дел од два јубилеја, „Ил кавалино рампанте“ (вознемирното коњче) слави 75 години и за очекување е да биде присутен со повеќе автомобили (зборуваме за Ферари), додека вториот јубилеј е 150 годишнината од постоењето на Гранд хотел Вила де Есте, хотел од највисока светска класа сместен на крајбрежјето од езерото Комо.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.