Automobili Group-НОВИОТ, ЛУКСУЗЕН Range Rover СО ПРЕМИЕРА НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР

19/07/2022

НАБРЗО ПО СВЕТСКАТА ПРЕМИЕРА, НОВИОТ RANGE ROVER ПРИСТИГНА И НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР И ВЕЌЕ МОЖЕ ОДБЛИЗУ ДА СЕ ВИДИ ВО ПРОДАЖНИОТ САЛОН НА AUTOMOBILI GROUP

 

Луксузниот SUV од петтата генерација, ја вознесува филозофијата на Land Rover за модерен дизајн на следно ниво, со современа интерпретација на заштитниот знак – неговата силуета, создавајќи неверојатна дизајнерска изјава. Продолжува да води, внесувајќи модерност што плени, естетска грациозност и софистицираност на најновиот предводник на Land Rover.

Новиот Range Rover е дефиниран со три линии, што го следат своето потекло низ генерации: „паѓачката“ линија на кровот, силна средишна линија и линијата на прагот која се издигнува. Овие обележја како заштитен знак, во комбинација со карактеристичниот краток преден дел и препознатливиот заден багажен простор – заедно со практично поделената врата на багажникот  – создаваат елегантен профил што ја пренесува неизмерната присутност на Range Rover.

Луксузната внатрешност е помогната со модерни, интуитивни и релевантни технологии, дизајнирани да работат во хармонија со најдобрите материјали и иновации за благосостојба, со цел да се создаде мирно засолниште за сите патници – притоа претворајќи го секое патување во искуство за уживање. Новиот Range Rover го револуционизира искуството во кабината со беспрекорна интеграција на Amazon Alexa. На овој начин, можностите на Alexa овозможуваат клиентите да управуваат со сè, од омилените функции за информации, забава и избор на музика, до навигација или избор на телефонски контакти – сето тоа додека рацете остануваат на воланот, а погледот на патот, системот дури може и да ги запали светлата во вашиот дом, како и да се поврзе со други уреди со профил Alexa. Асистентот  работи како дополнување на Wireless Apple CarPlay и Android Auto и може да се иницира со гласовна команда.

Новиот Range Rover ја одржува својата уверлива комбинација на перформанси без напор и неизмерна префинетост, со сеопфатна линија напредни погонски единици, со шест и осум цилиндри. Со пакетот ефикасни благи и plug-in хибридни мотори – како и комплетно електричен Range Rover, што ќе се приклучи кон гамата во 2024 година – дополнителниот избор на внатрешност со четири, пет или седум седишта, достапна со изведба на шасијата со стандарднo или долго меѓуоскино растојание, новиот Range Rover во секоја околина е како дома.

 

Данчо Здравковски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.