Оваа година донесе многу превртливи случки во автомобилската индустрија. Неколку стари марки доживејаа повторно да излезат на бината, Фиат и ПСА се здружија и формираа посебна компанија наречена Стелантис, со седиште во Амстердам. Токму од таа компанија стигнаа вести за една не баш убава вест. Алфа Ромео, Ланча и Воксал ќе бидат згаснати ако не заздрават во рок од 10 години. Заздравувањето се состои од правење 10 годишен план за производство на идните модели, работење со заработка, а не минусни салда на компаниската сметка. Една таква марка како што е Алфа Ромео да биде затворена, да се отстрани од автомобилската индустрија, не е препорачливо, но којзнае што мислат и прават административците од Стелантис. Не е јасно дали тие марки ако не заживеат и ако не носат профит во компанијата ќе бидат продадени? Во блиското минато неколку компании изјавиле желба за купување, посебно на Алфа Ромео, но досега тоа на ниту една компанија не ѝ успеало, а за понатаму ќе видиме што ќе се случи.
Во тој рок од 10 години спомнатите компании ќе треба да направат план за развој и тој план ќе мора да го исполнат и со тоа да донесат заработка во заедницата наречена Стелантис, во спротивно ќе бидат затворени, нема да постојат. За сите дополнителни и нови информации за и околу 10 годишниот рок на Стелантис дополнително и навремено ќе ве известиме. Групацијата Стелантис во својот состав ги има следниве марки: Абарт, Алфа Ромео, Воксал, Доџ, ДС, Крајслер, Ланча, Масерати, Фиат, Опел, Пежо, Рам, Цитроен и Џип.
Жарко Атанасоски