На 26 јуни 2019 година, Европскиот суд на правдата (ЕСП) пресуди дека за да се оцени дали граничните вредности за загадување на воздухот биле надминати, потребно е да земе во предвид “нивото на загадување на секоја точка на која се земаат примероци поединечно”, а не само средната вредност.
Во пресудата исто така се наведува дека националните судови имаат надлежност да ги “превземат сите неопходни мерки” против националните власти во нивните конкретни земји-членки, вклучувајќи и активности како што се “налог, за да се осигура дека точките за земање мостри за квалитет на воздухот се избрани во согласност со Директивата за квалитет на амбиентниот воздух”.
Следствено, пресудата јасно покажа дека Директивата наметнува јасни и безусловни обврски за земјите-членки, а индивидуите можат да се повикаат на ваквите обврски ако сметаат дека нивната земја-членка не ги исполнува.
Освен тоа, пресудата на Судот утврди дека националните власти имаат одговорност да постават точки за земање примероци на таков начин, така што нема да се пропуштаат прекршувањата на граничните нивоа. Одлуката за поставување на точките за земање примероци на одредени локации мора да се базира на сигурни научни податоци и да дојде со доволна документација што ќе ја објасни одлуката.
Извор: Соопштение за јавност од Европскиот суд за правда – Регулирање на мерење на квалитетот на воздух