LANZANTE 95 59-САМО 59 „КОПИИ“

01/08/2025

Ланцанте си го одржа ветувањето. Рече дека ќе биде присутен со ултра софистицирано купе и ете го дојде на манифестацијата Гудвуд фестивал на брзината. Зошто Ланцанте и зошто неговото купе е поврзано со Мекларен? Да се вратиме во 1995 год. кога Мекларен одлучи да вози на трката 24 часа Леман, а Ланцанте беше тој кој од сериски автомобил направи тркачки. И сега работата беше дали автомобилот воопшто ќе ја издржи трката, затоа што никој во светот не прави најнапред сериски, а потоа од него да развива тркачки, туку обратно. За тимот на Ланцанте возеа: Масанори Секија, Јурки Јарви Лехто и Јаник Далма. Првиот не е од друштвото наречено формула 1, но затоа Лехто и Далма беа. И како што секогаш се случуваат чуда, возилото на Ланцанте стигнува прво на целта. Конструкторите заедно со челниците на тимот најмногу се плашеа дека автомобилот нема да издржи и за нив беше доволно како така да ја заврши трката. Од аутсајдери стасаа на првото место. На трката имало од сѐ по нешто, од среќа до умешно возење, но и доза дрскост да им пркоси на поподготвените. За брзото возење на дожд и правење разлика од 30 секунди по круг од останатие возачи во класата, се погрижил Ј. Ј. Лехто.

По повод 30 години од победата Ланцанте одлучил да го овековечи тој настан со купе, а всушност е „мекларен ф1“, кое тогаш го преправале во тркачко возило и по 30 год. го именуваат како „95 – 59“. И бројките се наместиле. Првата затоа што „приказната“ 24 часа Леман се случила во 1995 година, а „59“ затоа што возилото на таа трка го имал стартниот број „59“.

Во маса од 1.250 кг, конструкторите сместиле: три седишта, 862 КС извадени од V8 мотор со двоен турбо полнач и сето тоа оди на задната оска преку „ссг“ менувач со седум брзини. Кој е резултатот? Една коњска сила на 1,45 кг. Затоа овој автомбил слободно може да го носи епитетот тајфун. Нема ништо случајно во ова супер купе, сѐ е „скоцкано“ како да е создадено за трки, а всушност е наменето за секојдневна употреба. Се разбира, за оние што можат и умеат да го возат, а не да го чуваат во витрина, бидејќи „ланцанте 95 – 59“ ќе биде произведен во само 59 примероци, со цена од 1,3 милиони фунти.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.