ЧИТАЈ | СЛУШАЈ | ГЛЕДАЈ |
„ХОЛАНДСКАТА КУЌА“ ЕН ПАЧЕТ |
„МАКЕДОНСКИ НОКТУРНА“ ЕМА ПОПИВОДА – ПИЈАНО |
„THE DIG“ (ИСКОПУВАЊЕТО) |
![]() |
![]() |
![]() |
На крајот од Втората светска војна, Сирил Ко- нрој го послужува среќата кога со една муд- ра инвестиција ќе создаде огромна империја со недвижнини, воздигнувајќи го семејството од сиромаштија до екстремно богатство. Неговиот прв деловен потег е купувањето на Холандската куќа, раскошен имот во предградијата надвор од Филаделфија. Предвидена како изненаду- вање за неговата сопруга, куќата станува при- чина да ги изгуби сите што ги сакал. Приказната е раскажана од синот на Сирил, Дени, додека тој и неговата сестра Мев се из- бркани од куќата во која пораснале со нивната маќеа. Тие, од богатство, повторно се фрлени во сиромаштијата од која излегле нивните роди- тели и откриваат дека можат да сметаат само еден на друг. Градат цврста врска што ги спасува нивните животи и ги исцртува нивните иднини. Раскажана во временски период од пет деце- нии, „Холандската куќа“ е мрачна бајка за двај- ца паметни луѓе кои не можат да го надминат минатото. И покрај секој проблесок на успех, тие, со доза на хумор и гнев, се враќаат на добро чуваната приказна за она што го изгубиле. Кога најпосле се присилени да се соочат со луѓето кои ги оста- виле, врската помеѓу попустливиот брат и него- вата заштитнички настроена сестра е конечно тестирана. | Најновиот албум на пијанистката Ема По- пивода со Ноктурна оп. 49 и оп. 52 на ком- позиторот Димитрије Бужаровски содржи 12 композиции базирани на македонски народни теми. Композициите се напишани во стилот на Шопен и Лист, со примеси на џез и фолклорни елементи, кои се лесно прифатливи за слушање, најмногу поради фактот што во нив се проткају- ваат темите на познатите македонски народни песни. Низ виртуозните пијано-композиции може да се слушнат: „Зајди, зајди“, „Дали паме- тиш Милице“, „Калеш Анѓо“, „Јовано Јованке“, „Море сокол пие“, „Сербез Донка“, „Дафино вино црвено“, „Не си го продавај Кољо чифликот“. Албумот е запис на овие прекрасни композиции по многубројните нивни концертни изведби во Македонија, но и во Њујорк, Токио, Лондон, Бри- сел, Будимпешта, Рим, Перуџа, Белград, Гдањск. Снимањето на композициите се одвиваше за време на карантинските денови во 2020 година. Задолжен за снимањето, микс и мастеринг на албумот беше Анѓел Ќосев и студио „Под- румот“, додека продуцент е Давор Попивода. Ова ЦД претставува вистинска разгледница на македонската музика, култура и уметност. За- интересираните слушатели може да го најдат во Југотон или онлајн, на Bandcamp. | The Dig е британска драма чија премиера се одржа на 15 јануари 2021 во САД, почиту- вајќи ги пандемиските протоколи, а на Netflix почна да се прикажува на 21 јануари. Критиките генерално се позитивни. Инспирирана од исто- имениот роман на John Preston од 2007 год., кој говори за ископувањата на Sutton Hoo во 1939 година, „The Dig“ нè враќа во крајот на трие- сеттите години од минатиот век, кога богатата сопственичка на земјиштето, Edith Pretty, го ангажира археологот, инаку аматер, Basil Brown, за да ги испита насипите на нејзиниот имот во Англија. Додека ги ископуваат тамошните гро- бишта, тој и неговиот тим откриваат брод од мрачните години. Актерот Ralph Fiennes е номиниран за најдо- бар актер на овогодишните AARP Movies for Grownups Awards, додека Carey Mulligan влезе во конкуренција за британска/ирска актерка на годината на London Critics Circle Film Awards. • Жанр: драма Актери: : Carey Mulligan, Ralph Fiennes, Lily James, Johnny Flynn, Ben Chaplin, Ken Stott, Archie Barnes, Monica Dolan Режија: Simon Stone |