FERRARI SF90 STRADALE-ФЕРАРИ СЕ ВРАЌА ВО СЕРИЈАТА ЛЕМАН

08/03/2021

Чудата сепак се случуваат и овој пат доаѓаат од надалеку познатата работилница сместена во Маранело, во близина на Модена. Ферари отсуствуваше од трките на издржливост речиси половина век, но откако стигна веста од ФИА дека водечката класа ЛМ1 ќе биде заменета со „серијата хиперкар“, Ферари за првпат по толку долго време одлучи да се врати на легендарната трка 24 часа Леман и да биде дел од трките на издржливост.

Со нашето учество во новата класа „леман хиперкар“, Ферари уште еднаш ја потврдува својата спортска посветеност и решеност да биде протагонист на најголемите светски настани во автомобилизам“, нагласи Џон Елкан, претседателот на Ферари, но и еден од двајцата главни во Стелантис, компанија неодамна формирана од страна на ПСА и ФКА.

Хипер купето со кое Ферари ќе настапува во шампионатот на издржливост, како и претставувањето на возачите ќе се случи некаде на крајов од годината, според гласините кои се шират – засега од Ферари нема официјална изјава. Сепак можно е автомобилот да биде правен на основа од „сф 90 страдале“, хибриден модел кој во себе има V8 мотор и три електромотори. Двата погони заедно поседуваат 986 КС со кои автомобилот постигнува забрзување од 0 до 100 км/ч за 2,6 секунди и постигнува крајна брзина од 340 км/ч. Велат дека хипер автомобилот наменет за серијата Леман нема многу да се разликува од „сф 90“.

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.