Проект „Star rating for schools” за безбедни училишни зони

На 10.09.2018, АМСМ заедно со учениците од ОУ „Димитар Миладинов“ го започна проектот ‘Star rating for schools’, кој има за цел да обезбеди побезбедни училишни зони.

Учениците од 4-то одделение, заедно со наставничките и сообраќајната полиција од СВР Скопје, безбедно ги поминаа пешачките зони во радиус на училиштето. Со оваа акција, дечињата увидоа како безбедно да преминуваат улица, а кај сите останати учесници во сообраќајот ја покренавме свеста за безбедноста во сообраќајот.

АМСМ како единствена членка од Македонија на Меѓународната програма за проценка на патиштата – iRAP и Светската автомобилистичка федерација – FIA, учествуваше во подготвителниот состанок за проектот „Star rating for schools“, кој ќе се спроведува во текот на 2018та и 2019та година на нашите и балканските простори.

Проектот „Star rating for schools“ има за цел да обезбеди анализа на ризикот и степенот на безбедност на децата на зоните околу училиштата преку мобилна и веб апликација. Апликацијата е универзална, лесна за користење и обезбедува предлози за брзи интервенции со кои зоните околу училиштата ќе биде што е можно побезбедни. Сето тоа ќе придонесе кон исполнување на глобалните цели на Обединетите нации за безбедноста на патиштата, со кои до 2020та година се очекува да се намалат за половина смртните случаи и сериозните повреди на патиштата.

Во фокусот на проектот се децата и младинци – пешаци. Апликацијата овозможува сите заедници во светот да имаат пристап до овие докази и анализи, за да ја проценат безбедноста на патиштата околу училиштата и да ги информираат надлежните органи за интервенциите кои можат да се превземат.

АМСМ исто како и српскиот, косовскиот и бугарскиот авто-мото туринг клубови, есенва ќе спроведат анализа на зоните околу училиштата во Скопје, за да проценат колку ѕвезди имаат токму тие патишта, од кои една ѕвезда е зона со најголем ризик за пешаците, а зоната со пет ѕвезди е зона кој ги исполнува сите критериуми за безбедност во сообраќајот. По анализата и обработувањето на податоците, АМСМ ќе достави официјален репорт и барање до надлежните институции за санирање на недостатоците кои ќе бидат увидени, за зголемување на зоните до четири или пет ѕвезди.

Овој проект веќе се спроведува низ светот и е поддржан од FedEx. За повеќе информации посетете го сајтот www.starratingforschools.org.

Реализација: 2018/2019 година

Click outside to hide the compare bar
KRAHASO
Споредба ×
KRAHASO Continue shopping