Како единствена членка на Светската автомобилистичка федерација – FIA, имаме должност сите глобални кампањи за зголемување на безбедноста на патиштата, да ги реализираме на локално ниво и на тој начин да делуваме за зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Во таа насока, заедно со сите поголеми авто-мото клубови, ја реализиравме кампањата #ОваЕМојаУлица (#ThisIsMyStreet).
Имено, секоја година, приближно 250.000 деца и млади луѓе се жртви на сообраќајни незгоди. Сличен број умираат и како резултат на ефектите од урбаното загадување на воздухот, за што сообраќајот е значаен фактор. Сообраќајот на глобално ниво е главна причина за смрт на деца над петгодишна возраст и адолесценти.
Секој изгубен живот е трагедија која може да се спречи. Новите генерации бараат акција. Акција за справување со ризиците на патиштата и загадувањето на воздухот. Акција за дизајнирање на градови за живеење.
КОВИД-19 го трансформираше светот, но среде пандемијата имаме шанса да ја направиме иднината подобра. Пандемијата го насочи политичкото внимание кон потребата за безбедни и здрави улици; за споделување патишта меѓу различни групи учесници во сообраќајот; поттикнување на пешачењето и возењето велосипед; за безбедноста на младите на патот до училиште и факултет. Можеме да влијаеме на начинот на кој се дизајнираат и користат улиците, за да ги заштитиме децата, младите и да го намалиме загадувањето.
МАНИФЕСТ 2030
Со поддршка на оваа кампања, давате поддршка на „Манифестот 2030“ за транформирање на нашите улици:
- Секое дете и адолесцент очекува безбеден пат до училиште;
- На улиците на кои децата се главни учесници во сообраќајот најголема дозволена брзина е 30км/ч;
- Секоја урбана улица има функционална пешачка патека и безбедни пешачки премини;
- Секој град има амбициозни цели за заштита на велосипедските патеки; и
- Светски самит за адолесценти заради приоритет на акцијата за адолесцентно здравје и права.
Ова е моја улица! Во овој критичен момент, да не ја трошиме оваа шанса да изградиме подобар свет за сите. Да почнеме со улиците.
Поддржете го Манифестот и кампањата на тука.
Повеќе информации за кампањата можете да прочитате на видеото на www.mystreet.org
АМСМ е единствена членка на FIA (Светската автомобилистичка федерација) од земјава и е одговорна за локална реализација на сите глобални кампањи иницирани од FIA.
Реализација: 10-31.10.2020 година