Недела на безбедност на патиштата

Одбележувањето на Неделата за безбедност во сообраќајот на ОН, во период од 23-29.04.2014год. беше уште еден начин да се даде придонес во постигнување на глобалната цел на Декадата за Акција за Безбедност на Патиштата на ОН 2011-2020.

Со цел промоција на Декадата за Акција за Безбедност на Патиштата на ОН и Златните правила за зголемување на безбедноста на патиштата, АМСМ во соработка со Републичкиот Совет за Безбедност на Сообраќајот на Патиштата и Град Скопје, реализираше кампањата насочена кон средношколците, како идни активни возачи.

ЗЛАТНИ ПРАВИЛА: САКАМ ДА БИДАМ БЕЗБЕДЕН И ВЕТУВАМ ДЕКА

  • ЌЕ СТАВАМ ПОЈАС – сите патници се моја одговорност
  • ЌЕ ГО ПОЧИТУВАМ ПРАВИЛОТО НА АВТОПАТОТ – правилата постојат за да нè заштитат
  • ЌЕ ЈА ПОЧИТУВАМ ДОЗВОЛЕНАТА БРЗИНА – моето возило е направено од метал, пешаците и децата не
  • ЌЕ ВОЗАМ ТРЕЗЕН –  кога сум пијан/а или под лекарства, јас сум опасност на патот
  • ЌЕ ГИ ЗАШТИТАМ МОИТЕ ДЕЦА – седнувајќи ги во безбедните детски седишта за автомобил
  • ЌЕ ВНИМАВАМ – зборувањето или пишувањето пораки на телефон ме прават опасен
  • ЌЕ ЗАПРАМ КОГА СУМ УМОРЕН – подобро да стасам подоцна отколку воопшто да не стасам
  • ЌЕ НОСАМ КАЦИГА – на велосипеди и мотоцикли мојата глава не е заштитена
  • ЌЕ БИДАМ ЉУБЕЗЕН И ВНИМАТЕЛЕН – ќе ги почитувам останатите возачи
  • ЌЕ СЕ ГРИЖАМ ЗА МОЕТО ВОЗИЛО – не сакам да убијам никого

На презентациите кои се реализираа во рамките на кампањата, беа опфатени повеќе од 500 ученици од 4-та година преку презентации кои беа одржувани секој ден од Неделата за Безбедност во Сообраќајот на ОН и тоа:

  • На 23 април во СУГС Гимназија „Орце Николов“,
  • На 24 април во СУГС Гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“,
  • На 25 април во СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“,
  • На 28 април во СУГС „Георги Димитров“,
  • На 29 април во СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“.

Самите интерактивни презентации имаа за цел зголемување на свесноста за последиците од непочитувањето на златните правила, со посебен акцент за  возењето во пијана состојба и превенција на опасната комбинација од пиење и возење, каде со помош на т.н. „пијани очила“, кои симулираат различни степени на алкохолизирана состојба, средношколците можат, иако можеби не за првпат, да ја почуствуваат „пијаната“ состојба, но секако имаат единствена можност притоа да се уверат дека ако во таква состојба не се во можност да направат некои сосема обични работи, и дека не е паметно во таква состојба да возат или пак да се возат со возач кој е во таква состојба.

Реализација: 2014

Click outside to hide the comparison bar
Спореди