Авто Школа Мобилити Плус, преку АМСМ, е првата автошкола формирана на територијата на нашата земја. Благодарение на долгогодишното искуство и стекнатата доверба, денес Авто Школа Мобилити Плус со стотици кандидати годишно, е пазарен лидер во обука на кандидати на територијата на град Скопје.
Опремена со 8 патнички возила од моделите Шкода Фабиа, Пежо 208, Мазда 2 и Волксваген ап, товарно возило Мерцедес и два мотоцикли од марката Јамаха и Хонда, автошколата денес располага со најсовремени возила за обука во секоја категорија. Сепак, нејзината препознатливост по квалитетната обука најмногу се должи на професионалните и стручни инструктори и предавачи.
Избирајќи Авто Школа Мобилити Плус, го избирате најдоброто за себе, како иден учесник во сообраќајот.
Теоретската обука во Авто Школа Мобилити Плус ја изведува висококвалификуван предавач по теоретска настава.
За потребите на теоретската обука, Авто Школа Мобилити Плус располага со модерно опремена и целосно комјутеризирана училница, во која со помош на различни помошни средства кандидатите полесно го совладуваат материјалот и соодветно се подготвуваат за полагање на испитот за познавање на теоретските сообраќајни правила и прописи.
Целокупниот наставно-едукативен материјал и сите потребни учебници и литература за теоретскиот испит ви се достапни во Авто Школа Мобилити Плус.
ЗАПОЧНИ