Responsive image

Авто Школа Мобилити Плус, преку АМСМ, е првата автошкола формирана на територијата на нашата земја.

Во 1969 година АМСМ го изработува првиот и единствен наставен план и програма за обука на кандидати за возачи на моторни возила, а веќе од 1970 година, АМСМ се ангажира обуката да ја вршат овластени лица- инструктори, самостојно или во рамките на МВР.

Во 1975 година е формирана автошкола која претставува дел од „Центарот за сообраќајно образование“.

Согласно тогашниот Закон за безбедност во патниот сообраќај, кандидатите овде имале можност да се оспособуваат за идни возачи.

Испитите како теоретскиот, така и практичниот дел, тогаш се извршувале пред службите за внатрешни работи.

Со измените на Законот, на автошколата и било овозможено да ги пријавува кандидатите за возачи, но и да делигира свои членови во испитните комисии.

Пријави се и почни со обука веднаш

Денес, Авто Школа Мобилити Плус располага со современи возила за обука за А, Б и Ц категорија. Благодарение на професионалните и стручни инструктори и предавачи, автошколата денес е препознатлива по квалитетната обука која ја обезбедува за своите кандидати.

Било да се работи за обука за управување со автомобил, мотоцикл или камион, избирајќи Авто Школа Мобилити Плус, го избирате најдоброто за себе, како иден учесник во сообраќајот.

mk_MKМакедонски јазик