Технички преглед

Квалитетниот технички преглед спасува живот!

Технички преглед на возилото претставува задолжителна проверка на техничката исправност на возилото со цел негово безбедно вклучување во јавниот сообраќај. Се регистрираат само оние моторни возила, возила на моторен погон и приклучни возила за кои на задолжителниот технички преглед ќе се утврди дека се исправни.

Проверка на:

При преглед на возната постројка и на каросеријата (самоносечката конструкција) се извршуваат следниве проверки на возилото:

  • Дали врските меѓу тркалото и рамот, односно каросеријата се оштетени или разлабавени?
  • Дали тркалата на своите ракавци или полувратилата се правилно поставени и осигурани?
  • Дали тркалата на своите ракавци или полувратила незјаат повеќе од дозволеното?
  • Дали елементите на еластичниот систем се добро прицврстени за своите носачи?
  • Дали се механички оштетени?
  • Дали исправно функционираат, односно дали влијаат на врз стабилноста на возилото?

При преглед на каросеријата (самоносечката конструкција) се извршуваат следниве проверки на возилото:

  • Дали каросеријата (самоносечката конструкција) и нивните врски заковки, завртки, навртки и места што се заварени не се деформирани или оштетени во таа мера да постои опасност од кршење?
  • Дали рамот или носечкиот дел на конструкцијата не ја изменил формата, односно не е преправан заради зголемување или намалување на товарниот простор или од други причини?

При преглед на моторот се извршуваат следниве проверки на возилото:

  • Дали моторот е добро прицврстен на своите држачи и дали елементите за врска се исправни и неоштетени?
  • Дали моторот е комплетен, односно дали ги има сите агрегати за определената погонска енергија?
  • Дали моторот при работа создава бучава поголема од дозволената?
  • Дали моторот при работа ги задоволува пропишаните услови во поглед на загадувањето на атмосферата?

При преглед на погонските уреди се извршуваат следниве проверки на возилото:

  • Дали сите уреди за пренос на силата од моторот до погонските тркала се исправни, односно неоштетени и добро прицврстени на своите држачи?
  • Дали врските меѓу одделни уреди за трансмисија (главна спојка, менувач, карданско вратило, погонски мост) се неоштетени и добро прицврстени?

При преглед на уредот за управување се извршуваат следниве проверки на возилото:

  • Дали деловите и склоповите на механизмот за управување се добро зацврстени?
  • Дали деловите и склоповите на механизмот за управување се оштетени или нестручно поправени?
  • Дали деловите и склоповите на механизмот за управување се исправни и осигурани со расцеп на зглобовите на споните и лостовите кои го врзуваат управувачкиот механизам на тркалата?
  • Дали слободниот од на тркалата на управувачот е во дозволени граници?
  • Дали сите елементи и делови на сервоуредот за управување се исправни?
  • Дали се оштетени или ослабени цевките или цревата на сервоуредот за управување?
  • Дали уредот како целина исправно функционира?

При преглед на уредот за сопирање се извршуваат следниве проверки на возилото:

  • Дали возилото има соодветен уред за сопирање?
  • Дали деловите на уредот за сопирање се добро прицврстени, неоштетени, преправани или сменети?
  • Дали инсталацијата кај уредот за сопирање е добро затворена и не го испушта работниот флуид?
  • Дали работната, помошната и паркирната кочница се комбинирани на пропишан начин?
  • Дали деловите на уредот за сопирање – работната, помошната и паркирната кочница ги задоволуваат пропишаните услови за забавување на сопирачкиот коефициент и на силата за активирање на командите?
  • Дали забавувачот, доколку е пропишан, постои на возилото и функционира исправно?
  • Дали падот на притисокот на работниот флуид во пневматскиот преносен механизам при пропишаниот број сопирања ги преминува дозволените вредности?
  • Дали разликата меѓу силата и сопирањето на тркалата од иста оска е во дозволената граница?
  • Дали уредот за сопирање како целина функционира исправно?

При преглед на светлосните и на светлосно-сигналните уреди се извршуваат следниве проверки на возилото:

  • Дали на возилото се вградени само пропишани светла и дали се поставени на пропишан начин?
  • Дали бојата, бројот, положбата и јачината на светлосните уреди се во согласност со постојните прописи?
  • Дали светлата се меѓусебно поврзани на пропишан начин и дали функционираат исправно?
  • Дали светлосниот сноп на собореното светло и светлосниот сноп на големото светло се со соодветен интензитет и правилно утврден така да го осветлува патот на пропишан начин?
  • Дали стаклото на фарот е неоштетено и дали сферното огледало е без механички оштетувања, корозија и доволно сјајно?
  • Дали на возилото постојат светлосни уреди, чиешто поставување не е дозволено?
  • Дали уредите се поставени на пропишан начин?
  • Дали видливоста, бројот, бојата, положбата, јачината и работата на уредите се во согласност со постојните прописи и дали функционираат исправно?
  • Дали светлата можат да се вклучат на пропишан начин и дали се прописно поврзани со другите светла?
  • Дали на возилото се вградени сите светлосни и звучни уреди кои за поодделни видови возила се пропишани – брзиномер со патомер, тахограф, сигнализатор за контрола на работата на покажувачот на правецот, контролна ламба за големо светло, покажувач на расположливиот притисок на пневматикот или на хидрауличниот уред за сопирање, како и тоа дали функционираат исправно, а за тахографот потребна е и потврда за извршен преглед на точноста и жигосување од овластена организација?

При преглед на уредите што овозможуваат нормална видливост се извршуваат следниве проверки на возилото:

  • Дали ветробранското стакло и другите застаклени површини на возилото се изработени од сигурносно стакло и дали се добро зацврстени во своите лежишта?
  • Дали застаклените површини се доволно провидни, неоштетени и дали покажуваат значителни деформации на предметите што се гледаат преку нив?
  • Дали возилото има бришачи, перачи и одмаглувачи на ветробранското стакло кои функционираат правилно и на возилото постојат пропишани огледала на соодветни места кои се прицврстени на пропишан начин?

При преглед на оските, тркалата и на пневматиците се извршуваат следниве проверки на возилото:

  • Дали возилото ги има сите оски и дали истите се исправни и неоштетени?
  • Дали бојата, бројот, положбата и јачината на светлосните уреди се во согласност со постојните прописи?
  • Дали на возилото се наоѓаат сите предвидени тркала и дали се деформирани од удар или од други причини?
  • Дали на тркалата се вградени пневматици со пропишани димензии?
  • Дали пневматиците на тркалата на иста оска се исти по вид, носивост и димензии?
  • Дали пневматиците се истрошени во поголема мера од дозволените вредности или се оштетени на друг начин?

При преглед на уредот за давање звучни сигнали се извршуваат следниве проверки на возилото:

  • Дали возилото има уред што функционира исправно?
  • Дали дава звук со интензитет и дали се вградени други уреди што не се пропишани?
  • Дали посебниот уред за давање звучни сигнали, доколку е пропишан, дава звук со низа тонови со променлив интензитет?
  • Дали командата за вклучување е поставена на пропишано место?

При преглед на уредите за движење на возилото наназад се извршуваат следниве проверки:

  • Дали на возилата кои мораат да имаат степен на пренос што овозможува движење на возилото наназад се проверува дали тој уред функционира исправно се вградени само пропишани светла и дали се поставени на пропишан начин?

При преглед на уредот за испуштање на согорените гасови се извршуваат следниве проверки на возилото:

  • Дали изводот на издувната цевка е поставен во пропишаниот правец?
  • Дали уредот како целина е во исправна состојба?
  • Дали моторот, кога е оптоварен, произведува гасови потемни од пропишаната боја?

При преглед на уредите за спојување на влечно и приклучно возило се извршуваат следниве проверки на возилото:

  • Дали влечниот уред е изведен и поставен на пропишан начин и дали е неоштетен и поправен?
  • Дали оската на влечниот уред за спојување со помош на која се впрегнува возилото има осигурувач кој оневозможува при нормална употреба раздвојување на впрегнатите возила?

Станици за технички преглед

СКОПЈЕ - АМСМ ЦЕНТАР

Авто-Мото Сојуз на Македонија (Центар)
„Иво Лола Рибар“ 51, 1000 Скопје
Е: amsm@amsm.com.mk
T: 02/3181-181
Ф: 02/3181-119
www.amsmstp.mk

СКОПЈЕ - АМСМ ЧАИР

Авто-Мото Сојуз на Македонија (Чаир)
„Лазо Трповски“ бб, 1000 Скопје
T: 02/2631-181
Ф: 02/2613-429

ВЕЛЕС - АМСМ ВЕЛЕС

Авто-Мото Сојуз на Македонија - Велес
„Моша Пијаде“ бб, 1400 Велес
T: 043/212-221; 212-233
Ф: 043 212-466

КИЧЕВО - АМД „КИЧЕВО“

Авто-Мото Друштво „Кичево" - Кичево
Охридски пат бб. , 6250 Кичево
E: amdkicevo@mt.net.mk
T: 045/266363, 045/266364
Ф: 045/266907

Регистрација на возила

Потребни документи по категорија на возила, за прва регистрација и продолжување на регистрација.

Патнички возила

Моторно возило наменето за превоз на лица кое покрај возачот има најмногу 8 седишта и чија носивост изнесува најмногу 250кг.

Види повеќе...

Товарни возила

Моторно возило е наменето за превоз на предмети со носивост преку 250 килограми.

Види повеќе...

Автобуси

Моторно возило наменето за превоз на лица кое покрај седиштето за возачот има повеќе од 8 седишта.

Види повеќе...

Возила за јавен превоз

Патничко или товарно возило кои е регистрирано за јавен превоз.

Види повеќе...

Специјални возила

Моторно возило или приклучно возило со посебна намена (превоз на специјален товар или луѓе, на пример во полиција, судство, пожарникарски единици) кое согласно карактеристиките спаѓа во една од категориите моторни или приклучни возила.

Види повеќе...

Возила со променети уреди

Моторно возило со извршено вградување или преправање на уреди, склопови или механизми.

Види повеќе...
Click outside to hide the comparison bar
Спореди