Меѓународни документи

Патувајте БЕЗГРИЖНО со возило надвор од државата

Согласно со потпишаните конвенции и правните регулативи на нашата земја, за патување со моторно возило надвор од државата потребни се меѓународна возачка дозвола, одобрение за управување со туѓо моторно возило и зелен картон.

Меѓународна возачка дозвола

Меѓународната возачка дозвола се издава согласно со Меѓународната конвенција за сообраќај на патиштата, усвоена на 8 ноември 1968 година во Виена. Согласно билатералните договори на нашата држава, меѓународна возачка дозвола не е потребна за следните држави: Република Албанија, Босна и Херцеговина, Германија, Италија, Косово, Србија, Црна Гора и Шпанија.

Во сите други земји, меѓународната возачка дозвола е задолжителен документ.

Потребни документи
– 2 фотографии (45мм x 35 мм) кои можете да ги направите и во АМСМ Станицата за технички преглед во Скопје – Центар
– Лично присуство со документ за идентификација
(лична карта или пасош)
– национална возачка дозвола
– Потврда од Министерство за внатрешни работи за прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило (се издава од страна на МВР во АМСМ)

Барањето за издавање на потврда од Министерство за внатрешни работи за прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило, можете да го симнете тука.

Важност
3 години, но со истекот на важноста на националната возачка дозвола истекува и важноста на меѓународната возачка дозвола.

Напомена
Меѓународната возачка дозвола можете да ја извадите во рамките на работното време на шалтерот на МВР во АМСМ или 24/7 во АМСМ Скопје-Центар доколку веќе ја поседувате потребната потврда од МВР за прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило.

За работното време на шалтерот на МВР можете да се информирате тука.

Продажни места

  • АМСМ СТП Центар (24 часа)
  • АМСМ СТП Чаир
  • АМСМ СТП Велес
  • АМСМ СТП Кичево

Одобрение за управување со туѓо моторно возило

Одобрението за управување туѓо моторно возило се издава единствено во АМСМ, согласно овластувањата кои ги имаме како единствена мобилити членка на ФИА, светската автомобилистичка федерација, уште од 1994 година.

Потребни документи
– Сообраќајна дозвола од возилото и лично присуство на сопственикот со документ за идентификација (лична карта или пасош)
– Лично присуство на корисникот на возилото со пасош

Симнете го барањето за издавање одобрение за управување на туѓо моторно возило тука.
(образецот се печати на меморандум од фирмата и заведен се доставува до АМСМ)

Важност
1 годинa

Продажни места

  • АМСМ СТП Центар (24 часа)
  • АМСМ СТП Чаир
  • АМСМ СТП Велес
  • АМСМ СТП Кичево
Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping